Денеска добив покана за промоција на книга од Харви Пекер и Хедер Роберсон, а илустрирана од Ед Пискор, која вечерава ке се одржи во мултимедијалниот центар Мала станица со почеток во 19.00 часот ... Која коинциденција со денешните настани ...
Книгата се однесува на едно истражување кое го спроведе г-ца Роберсон во 2003 година во Македонија. Со длабок поглед и извонредна, непристрасна острина, Хедер успева во потполност да се соживее со македонскиот граѓанин, со состојбите во пост-Охридскиот период и времето кога на цивилите им беше дадена можноста да се ослободат од нелегалното оружје во рамки на Националната кампања за доброволно предавање на нелегалното оружје која ја спроведоа УНДП и македонската влада.
Сега е на ред уште една информација, драги пријатели. Оваа книга е... Стрип! Текстот е илустриран со стрип. И тоа, не кој и да е стрип цртач, туку самиот Ед Пискор. Не помалку важно е да се знае дека издавач на овој оригинален проект е светски познатиот Вилард.
Оваа книга ја доживува својата втора светска промоција. Првата, се разбира, беше во САД.
No comments:
Post a Comment