Search This Blog

Monday, October 22, 2007

До компјутер - со огромна контрола ...

Со одлуката на Владата да додели по 12.300 денари за купување на компјутер владата направи хуман гест и прави континуирана политика на заживување на компјутеризација и дигитализација во сите свери ...

Сакајки да направи модел за контрола на купувањето на компјутерите - “со ваучерите“ можно е да се случи Владата да ја прекомплицира набавката на овие компјутери ... Најпрвин не е јасно за што се може да се употребат овие пари ... Ако се употребуваат само за набавка на нови компјутери - тогаш тоа е грешка ... Сите имаат различни потреби ... особено оние кои веќе поседуваат компјутер ... Тие овие пари ке можат да ги искористат попаметно во зајакнување на системот ... поголем хард ... подобра графичка или незнам што ... Во спротивно ке дојде до непотребно купување на нов компјутер ... настрана од тоа дека овие пари се просечно половина од потребните за набавка на просечна конфигурација ... а за подобрата се само една третина ...

За да нема недоразбрање и за да се спречат евентуални малверзации, Министерството за финансии јавно ги обелодени правилата за издавање и користење на ваучерите. Како што се појаснува од Министерството, целокупниот промет на ваучерите ќе се следи со помош на дигитална заштита, обезбедена преку креираната веб-апликација на Генералниот секретеријат на Владата. Студентите, кои првпат запишале четврта година, за да земат ваучер, треба да пополнат барање до матичниот факултет. А, за да го подигнат ваучерот, мора секој студент да пополни формулар со изјава за прием на ваучерот, во која ги наведуваат своите лични податоци. Откако ќе го земат ваучерот, студентите го носат и приложуваат во фирмата за компјутери, а подоцна таа компанија ги добива средствата од Владата во висина на вредносниот ваучер.

Но, студентите, не ќе можат да купат компјутер во која било ИТ- компанија. Според Упатството од Министерството за финансии, сите субјекти регистрирани за дејност поврзани со трговија, одржување и поправка на компјутери, кои се заинтересирани за продажба на компјутери, мора прво да пополнат пријава. Во пријавата мора да се внесат точните податоци за компанијата, а истовремено е неопходно компаниите да приложат документ дека се регистрирани во Централниот регистар на РМ. Ова значи дека студентите ќе можат да набават опрема само во фирми кои ги исполнуваат условите.

„При приемот на ваучерите фирмите ќе пополнат формулар со изјава за купување на компјутер во која се наведуваат личните податоци на студентот, број на индекс, лична карта, серискиот број на ваучерот, името на факултетот и потпис на студентот“, стои во Упатството од Владата за начинот и постапката на издавање и користење на вредносните бонови
.

- ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ВРЕДНОСНИ БОНОВИ – ВАУЧЕРИ
- ДДВ-то и за компјутери 5 проценти ...
- Сајт на владата на РМ ... во кој се појаснува која е целта на овој гест на владата ...
- Закон за доделување на ваучери
- Упатство за начинот и постапката на издавање и користење на ваучери

1 comment:

Anonymous said...

Е ај кажете и дека на ИТ фирмите и гакјите ке им ги тресат инспекции за секој продаден компјутер со ваучер

Blog Archive

Site Meter