Денеска е Ден на идеии - каде сите што имаат идеи како да и тргне на МК ... несебично ги даваат ... а Владата на МК ги ослушнува и најдобрите идеи ке ги вградува во својата програма ...
На овој ден Владата на Република Македонија ќе ги замоли сите граѓани на Република Македонија да ни се обратат со своите идеи за натамошниот економски и демократски развој на нашата држава, идеи од економијата, образованието, здравството, културата, инфраструктурата, идеи поврзани како со секојдневниот живот, така и со стратегиските насоки за Република Македонија.
На овој начин Владата сака да, повторно, да се отвори кон граѓаните и да добиеме реален влог од граѓаните за заеднички да ја кроиме и обликуваме нашата иднина.
Покрај директниот контакт граѓаните ќе можат своите идеи да ги приложат и по писмен пат во сандачиња кои ќе бидат поставени ширум Република Македонија, а Владата ќе ги разгледа и процесира сите предложени идеи.
...
Чудно не му текнало на нигого да даде меил адреса каде интернет корисниците - ке можат да ги дадат своите идеии ...
Блогерите пак несебично ги даваат одавна своите идеи на своите блогови ... некој само треба да ги прати ... и да му ги предочува на Премиерот и Владата на РМ ... Има иљадници прекрасни орогонални идеии ...
Во овој пост ке издвојам неколку мои заложби и идеи за кои стално пишувам ...
1.- Подобар и поефтин интернет ... да се намали ДДВ то и за интернет услугите и деловите кои служат за интернет комуникација ...
2.- Дигитализација на Нова Македонија ...
3.- “ДИГИТАЛИЗАЦИЈА НА МК КНИЖЕВНОСТ“ ...
Имам уште многу идеи за кои сум пишувал по блогот ... но бидејки на златната рипка (на Владата де ...) имам правао да кажам само три идеи ги одгбрав овие три ...
Ако пак имаме право на повеќе идеии еве дел за кои сум пишувал на својот блог ...
- КАСАРНА ИЛИНДЕН ... местото е идеално за универзитетски град.
- Македонија - слободна царинска зона !!? ...
- Посвојување на - “Млади садници“ ...
- РИКША за Скопје му е мајката ...
- Црковно-Археолошки туризам ...
- АНГЛИСКИ - втор мајчин јазик ...
No comments:
Post a Comment