Search This Blog

Sunday, October 07, 2007

Цензура на Блогерај ...

Одвреме навреме тлее незадоволство на Блогерај ... заради чести проблеми со блог сервисот ... преголем број на корисници за поставениот капаците ... Чести напади на ДНС серверите ... и слично ... Покрај техничките проблеми Блогерај одврема навреме го бие глас дека цензурира ... За ова најтазе пост има Букарски ...“Блогерска Орвеловштина: Имаше цензура на blog.com.mk“ инспириран од разговорот на троицата блогери во Јадибурек ... Коментирав кај Букарски ... но мислам дека коментарот заслужува да биде и пост ...

Цензура на Блогерај требаше да се деси на полниот куп бугарски нафркани блогери - кои плукаа по сите нас тука ... Наместо тоа по дого врема Трендо одлучил дека е најдобро тие бугарски коментатори да ги заќутка помеко ... не им излегуваа коментарите во блог ролот за нови коментари ... се разбира на нивните постови ... Не им ги бришеше постовите заради некаква демократија ... Ок, но требаше да ги брише заради принципиелниот став на Блогерај да се пишува на МК кирилица ... Сеуште не е забрането да се пишува пост на бугарски јазик и бугарска азбука ...

Во исто време настрадаа и дел од блогерите кои заради одредени движења на блогерите од еден на друг сервис - го користеа Блогерај само да ги линкуваат своите целосни постови на друг сервис ... Верјатно тоа на Трендо не му се видело поштено и решил да “казнува“ (му се може ...) со неизлегување на коментарите во блог ролот .... Тоа се деси со Археолоки Дневник и со блогот на Кибицер Историја ...

Блогот на Кибицер се повлече од практиката на линкување но Трендо не ја повлече забраната ... тешко му е да даде налог на некого да кликне два клика ...

Што се однесува до твојот пост кој ти е избришан - каде даваш свои епитети за Трендо ... Трендо се понел тука како лично погоден и ти го избришал тој пост ... Исто како што сите ние бришеме одреден коментари на нашите блогови кога не ни се допаѓа нешто ... Не би сакал да излезе дека го бранам Трендо ... се обидувам да бидам објективен ...

Е сега прашањето е дали Трендо има право, заради тоа што има можност да брише вакви навредливи коментари или цели постови ... Ако го погледнеме куќниот ред на Блогерај ке видиме дека такво право има ...

Ти се налути и си се врати на Блогспот ... и сега си си мирен ...

Но Трендо е доста нефер спрема блогерите кои нагрнаа на Блогерај ... Веројатно што е тоа експеримент на Он.нет и на Трендо од кој не можат да профитираат како компанија (осем да им слуши како реклама ...)тие го:
- запуштија сервисот ...
- недоволно е безбеден ...
- никој не одговара на поставените прашања ...
- често е напаѓан ...
- често паѓа или тешко се отвара ...

И ред други проблеми ...

Луѓето пишуваат ... се јавуваат на телефон ... но никој не комуницира со нив ... ниту он.нет објавува во што е проблемот ... Форумот не работи ... уствари никој од Он.нет не одговара на прашањата на форумот ...

Јанко како осведочен пријател на Он.нет и на Трендо се обиде во емисијата да не се отвори темата за квалитетот на блогерај и недоволното следење на новите можности на блог сервисите ... само тврдеше дека никој не е цензуриран ...

Како и да е ние немаме ни којзнае какво право да БАРМЕ подобар квалитет или незнам што ... беспари е ... не ти се допаѓа си одиш ... просто .... како што си отиде и ти ...

Уствари највеќе заради неквалитетот губи Он.нет и Трендо ... Наместо место кое е предвидено да привлекува муштерии на Он.нет полека истото се претвара во место каде Он.нет има стални критики за квалитетот на Блогерај и за самата интернет конекција на Он.нет ...

Ова Трендо и Он.нет треба сериозно да го разгледаат и да донесат одлука како понатака ... Или квалитет или да кажат ... ние толку можеме, сакате подобро одете на друг сервис ... тоа е поштено ...

Се извинувам заради долгиот коментар кој еве ке стане и пост ... се разбира на мојот блог ...

Поздрав за тебе Букарски ... знаеш често да бидеш непотребно пис на јазикот - но неоспорно е дека имаш талент ... но талент без мака и работа не е доволно ... треба уште долго време да работиш на развивање на неоспорниот талент ...

Сега не почитуваш авторитети ... ок е тоа - тоа ти е стил ... Некој вика препотентен си ... ок е, и тоа ти е стил ... фали ми усто инаку ке те расцепам тоа ти е мото ... и терај ... кој те почитува те чита ... кој не има избор да не те чита ...

Поздрав.

No comments:

Blog Archive

Site Meter