Search This Blog

Thursday, October 11, 2007

СЛОВЕНЕЧКА ... конечно ...

Сликата “http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/902F4F660B0B8E419131F3D70E71C8E4.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

За Словенечка имав едно пилот истражување - СЛОВЕНЕЧКА - кратка историја за нејзината долга изградба како интернет “новинар“ ... Истражувањето беше аматерско, но не помина незабележано ... Имено ги собрав скоро сите написи во изминатите шест години колку што траеше изградбата на ова мало парче на булевар од 1.800 метри ...

Постот беше дел од моето друго истражување за негрижата на нас скопјаните за Аквадуктот ... Имено готов археолошки локалитет со неоспорена убавина и сочуваност лежи зафрлен, оставен на забот на времето - во скоро центарот на градот ... два километри од центарот ...

Ако прашате Скопјани каде е Аквадуктот - малкумина ке знаат да одговорат ... а ако прашате бил ли некој да го види - процентот ке биде минорен верувам под еден насто ... неопростиво ...

Но да се вратам на Словенечка ... Во скоро децениското градење на овој булевар од идејата до реализацијата ... се потрошија премногу пари (четири милиони евра ..) за вака кратко парче улица ... и што е најлошо парите се потрошиа одавна а ефектот од нивата употреба дури сега следи ... Неколку грдолначелници на Скопје сечеа разни ленти на Словенечка ... Еве денеска некој повторно свечено ке ја пресече лентата ... но времето не се погоди така да најавуваната ролијадата веројатно ке се откаже ...

Неможам да му простам на творецот на Словеначка што од патот не се гледа Аквадуктот ... тој пак остана во шутот и задскриен од едно брдо ... Барем да се изградеше пристапен пат ... Околу Аквадуктот нема никакви градби ... Сега кога има пат има шанса ... веројатно ке се изградат што диво што питомо објекти ... Општината и Градот мора за Аквадуктот да осмислат соодветен план за ревитализација на местото ... за ова имав свои предлози ... 1, 2, ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter