Доаѓам утрово на работа ... зачистувам пред дуќанот ... пуштам греење ... пуштам компјутерот и ставам кафе да се вари ... И оп гледам нема интернет ... пак ли проблеми ... што ли е па сега ... Цел месец има проблеми со интернетот - падни сани ресетирај ... Гледам не ми свети четвртата сијаличка на модемот ... што ке рече нема довод во интернетот ... Се јавувам на телефон на техничка подршка на Телекабел (2446 288 ...) се јавува машки глас и ми вели повелете ... прашувам - што е проблем што немам нтернет ... ми вели - исклучени сте не сте ја платиле фактурата ... И збеснав ... ми удру крвта во глава - за иста фактура ме исклучуваат двапатаи ... првиот пат пред дваесетина дена поточно на 17.10 и сега ...
За првиот пат имав живци и разбирање ... појдов во нивните простории ... ја пронајдоа фактурата која им се вратила по пошта ... непозната адреса ... Добро велам како втората фактура си дојде и јас си ја платив ... Им велам кога плаќав за домашниот интернет прашав што е проблем за тоа што нема фактура за на работа - ме рекоа веројатно не е изготвена фактурата ... Прашувам - зошто не ми се јавивте пред да ме исклучите ... имате мој контакт телефон имата мој меил ... и ништо едноставно исклучувате ... покажувате сила или што ... ги менувате во односот МТ ... Им ветив тогаш дека ако ме иклучат пак а не ме обавестат - дека ке им направам проблем ... особено ако се е во ред со моето плаќање ... Истиот ден се симнав долу во пунктот за наплата и ја платив фактурата ...
Види чудо за истата фактура која ја платив тогаш во нивните простории - утринава без да ме предупредат повторно ме исклучуваат ... Збеснав .. на момчето кое ми се јави од техничка подршка (одпосле разбрав дека бил Александар ...) му се истурив и го нареков со сите погрдни зборнви кои ми текнаа во моментите на лутина ... “говедо“ ... “ѓубриња“ ...
Собрав папирите од кои се гледа кога што сум платил и појдов во дирекциата на телекабел во Ајродром ... Се качив на четврти и право кај девојката која работи со странки кои се исклучени ... Ја прашав што е проблемот и зошто сум исклучен ... ми вели немате платена фактура ... Ги извадив папирите од кои се гледа дека сум платил ... И повторно ми зоври крвта во главата ... Со повишен тон се развикав на девојката и го исфрлив сиот мој бес кон неа како представник на Телекабел ... Залудни беа објаснувањата кои ми ги даваше девојката дека е нивна грешка ... дека било непрокнижено ... дека е недоразбирање ... и незнам што ме имало во евиденција дека сум платил ама било непрокнижено ... Навистина ми стана жал за девојката која стана целата вознемирана и со плачење и солзи во очите отиде во друга просторија ...
Му се извинив на Александар за личните навреди кон него - но ми остана тежина во душата за солзите и плачот на девојката ...
Господа од Телекабел ... Смените го начинот на исклучувањето ... Дајте опомена за неплатена сметка пред да исклучувате ... Ни струја ни вода ни телефон не те исклучуваат додека не те опоменат ... Сите ваши корисници имаат мејлови ... јавете им се ... Вака губиме сите ... мене ми го упропастивте денот ... Изгубив два работни дена ... кој ке ми ги плати дневниците и изгубената добивка поради изгубениот ден ... Испив нервоза која сеуште ми е присутна ... нервозата ја истурив кон Ваша вработена по има Маја ... две ги има таму ... заедно со Марија, Наде и Ирена ...
Се истурив и на техничкта подршка (во случајот на Александар кого лично го навредив ...) сеедно можеше да биде и Пане, Виктор, Божо, Панче ... Зарем има потреба од сето ова - само зарди недоразбирање и погрешна постапка во исклучување ... Ние сме Ваши муштерии и Ви плаќаме ... Има една максима “Муштеријата е секојпат во право - дури и кога не е “ ... имајте почит кон своите муштерии ...
Како приватно лице користам интернет од Телекабел повеќе од годинаипол ... никојпат не сум бил исклучен ... Интернет зависник попрво ке остане без леб одколку без интернет ... Како впрочем птед тоа и во Кабелтел скоро година ипол ... и претходно на АДСЛ-МТ скоро година ...
Како фирма користам интернет од Телекабел и двапати ме исклууваат од интернет - без никаква моја кривица ... Проблемот е во Вас господа од Телекабел ... корегирајте ја постапката и начинот на исклучување ... особено сега кога имате бројна конкуренција ... Во истата зграда интернет нудат уште три други фирми ...
No comments:
Post a Comment