Владата на Груевски и самиот Груевски во својата економска економска политика во предизборниот и постизборниот период многу малку комуницираше со домашните бизнисмени ... За дел од оние покрупните Владата излезе со обвинувања дека се МК олигарси кои ја кочат домашната економија ...
За странските инвеститори ствара клима на најефтина држава за инвестирање со многу попусти кои не важат и за домашните инвеститори ... Соработката со бројните стопански комори и асоцијации не и одеше баш од рака ...
Во денешен Вечер (кој полека се претвора во дел од “Фабрика 2“...) - во написот “ВЛАДАТА НАЈАВУВА НОВ ИНСТРУМЕНТ ЗА БИЗНИС СЕКТОРОТ - Законите ќе се носат со амин на бизнисмените“ ... се најавува пресврт во соработката со домашните бизнисмени ... Се прашувам дали тоа важи за сите или само за “подобните“ ...
No comments:
Post a Comment