Заради процес на подобрување на туризмот и туристичката понуда во Македонија : Гордана Јанакиевска, www.kralemarko.org.mk. и други заинтересиани организираат средба на 2 ноември 2007 - Почеток: 11:00 часот
Во процес на изработка е www.kingmarkoland.com која ќе оди на 10 јазици и чија основна цел ќе биде презентација и продажба на Маркова земја, земја на легендите, на секој од јазиците основно ќе биде соработка со збратимени градови од таа држава. Основните податоци можете да ги видите на www.kralemarko.org.mk
На состанокот воведен збор ќе даде Гордана Јанакиевска со краток историјат и ќе извести за оформувањето на ова здружение во кое треба да земат учество повеќе привтни лица и претпријатиа во Републикава од култура и туризмат, екологија, природни реткости, национални паркови, со цел електронско презентирање и продавање како и работење според прописите на Македонија. Цел на состанокот е формирање на тело или иницијативен одбор кое ќе има потполно овластување во извршувањето на целите на Здружението. На самиот почеток ќе биде дефинирано здружение на граѓани со предлог Здружението да има свој координатор и свој иницијативен одбор составен од 1- 5 члена, а истиот мора да има и свој правен застапник. Понатаму на оваа иницијатива треба да се назначи координатор на Здружението, да има конкретни задолженија кои треба да ги извршува совесно и соодветно и да ги известува останатите членови на ова Здружение.
За навремено информирање на ова Здружение да постои e-mail сандаче на www.kralemarko.org.mk
Идејата е дека основната амбиција на Здружението е формирање на еснафско здружение. Идејата постоела од порано, но досега не е реализирана и затоа кога сега би се оформило, би била единствена таква организација во Македонија. Во едно вакво Здружение треба да постои стратегија на делување, со што истото ќе се заштити од надворешни негативни влијанија т.е. организацијата треба да биде единствена. Оваа организација да се дефинира како Асоцијација на фирми во здружение на граѓани. Ова треба да биде здружение на фирми со оперативно тело кое ќе ги извршува работите и ќе ги излага резултатите од средбите кои би се случувале еднаш или двапати во годината. Во однос на правното регистрирање на здружението постојат многу формалности од тој домен кои навремено треба да бидат извршени. Исто така ќе настапи со предлог за заштита на Еснафот и на потрошувачите и осигурување од несакани дејствија. Кон проблемот за формирање на ова здружение смета дека треба да се направи анализа на моменталната состојба и дека не треба да се влегува во конфликт со Комората.
Активносите во Здружението можат да се распоредат без оглед на правната организираност. Сметам дека треба да се направат две групи, едната, што ќе се работи, а другата е како ќе се работи.
Вакво Здружение бара меѓусебна комуникација на завидно ниво и да се спроведуваат намерите кои ќе ги одреди членството. Секој може да биде член на здружението, ќе постојат извесни критериуми, треба да се има јасни цели и добра програма. Посочувам дека ЕxploringMacedonia.com e присутен на овој сегмент на информатичкиот еснаф, но недоволно, затоа лично се ангажирав во осмислување и реализација на идеите на Здружението и истото треба да има корист од своето влијание, пример за МАЗУК (здружение за управување на квалитет) кое што работи со одлична организациона структура и никого не исклучува.
Да постои здружение кое би функционирало со Собрание, Управен одбор и Претседател. Во врска со членство да се биде лабилно, да биде облигационо, што подразбира секој член да се придржува до правилата, а во спротивно да се губи правото на членство, оваа Здружение треба да биде групација на кои ќе бидат Асоцијации на фирми на професионална основа и да има еден кој ќе ги извршуваат оперативните задачи. Здружение треба да има за цел остварување на програмата која во оваа форма досега не е формирана на оваков начин и треба да се има дипломатски пристап, да се избере одбор со две независни групи. Едната да ги третира целите на Здружението, а другата да се грижи за правата и во секоја од нив да има по пет фирми од културата и туризмот, во Здружението да бидат фирми од различни дејности, кои работат со хотелиерство, ресторани, туристичка агенција, изработка на сувенири, публикации, музеи, галерии, манифестации, општини. Да се примаат идеи од сите членови, а Иницијативниот одбор да ги синтентизира истите.
Состанокот ке заврши со избор на координатори на здружението кои едногласно ќе бидат избрани од присутните: Координативното тело да избере уште три до четири фирми коишто ќе помагаат во делот на подготовка на документацијата како и средувањето на предлозите од присутните на состанокот.
Следни активности
Во рок од 14 денови да се состават сите потребни документи и да се испратат на присутните од состанокот.
No comments:
Post a Comment