Проба ... Ова е новина или некој се зеза
Се појавува ли тоа повторно Блогмастер ...
(волан 8 Октомври, 2007 - 16:42 | измени | одговори)
Потоа увидов дека на Блогот на блогмастерот има пост Имаме Блогмастер! ... 4 Октомври, 2007 - 10:44 каде сегашниот блогмастер или неговите шефови велат “..Ок, значи официјално имаме блогмастер и мислам дека редно време е да почнеме да ги решаваме проблемите и да го средиме блогерајов..“
Дека навеистина се појавува - доказ е и денешната насловна на која пренесе еден коментар : Класика
Кога немавме блогмастер имав еден куп прашања.
Сега кога имаме не ми текнува ништо.
elena NNS || 8 Октомври, 2007 - 14:52
Веројатно честите позитивни и негативни критики заради немање на Блогмастер - особено емисијата на Јадибурек со гостите блогери - кои потегнаа прашање дека нема блогмастер и дека има проблеми на Блогерај ... ги натераа Он.нет и Трендо повторно да стават некој кој ке биде Блогмастер ... Не дека до сега немало некој кој се грижел за платформата ... Без неколку луѓе кои ке сервисираат скоро 20.000 корисници на Блогерај - сервисот ке го снема за неколку дена ... Но фалеше ГЛАСНОСТ на Блогмастерот дека нешто работи ... дека има проблеми ... дека група на проблеми се решава вака ... за ова малку ке почекате ... ова го имаме во план ...
Сега чекам Блогмастерот Трендо и ОН.нет да соопштат е еве има Блогмастер - што толку сте запнале ... кажете сега што сакате да се подобри на Блогерајот ... па да наредиме предлози ... Јас имам десетина ... За почеток нека се исклучи и себе од листата на луѓе кои не се појавуваат на ролот за коментари ... а богами нека ја претресат таа листа и нека вратат некои за кои многумина се изјаснија дека се неоправдано исклучени од ролот за појава на коментари ... Значи анкета што му фали на Блогерајот и потоа Он.нет Трендо и Блогмастерот (кој сигурно сега не е едно лице) да одлучат во кој правец ке ја подобруваат платформата - за да таа повторно стане добра реклама за Он.нет ... и место каде Он.нет ке лови корисници за Интернет и Телефонија ...
No comments:
Post a Comment