Search This Blog

Monday, October 29, 2007

Верушевски јуниор ... идол ... или одплата ... Варијанта што ми можеш ...

Сликата “http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/ECFB6FC7650B8F449F7A7080918F4ADA.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

Дивјачкото и силеџиското однесување на Верушевски јуниор може да стане “идол“ за однесување на младите ... И покрај повеќекратното дивјачко однесување докажани и недокажани криминални дела за кои сите зборуваат - но никој не сака да сведочи ... Верушевски јуниор по една година затвор е ослободен лично од Председателот ... и тоа без соодветни препораки од затворските институции ... Тоа право му го дава уставот и тука не би требало многу да коментираме ... Има право и готово ... Ова во име на Верушевски јуниор го побарала неговата мајка - како потреба за лечење на рани од вооружена престрелка ... и тоа било доволно за Председателот ни да стави потпис ... и Верушевски јуниор повторно слободно да хара по МК улици ... Варијанта што ми можеш ...

Се работи за случај за кој новинарите имаат испишано безброј текстви ... се работи за случаи кои немаат судска завршница, ниту пак почеток ... ВМРО-ДПМНЕ јавно прашува дали со ова не се исплаќаат долгови кон разузнувачот Верушевски ... кој по неколку скандали во МК (со синот и со становите ...) доби наградно место во Македонската Амбасада во РИМ ... Сеуште господинот Црвенковски нема кажано кој му ги достави лентите со кои искочи на говорница и обзнани дека некој неовластено прислушкува политичари и новинари ... И таа афера истотака заврши без окончување ... имено главниот обвинет за аферата е помилуван од тогашниот председател Трајковски ...

Дали ова уставно право и привилегија на председателот на МК е дадено само како можност председателот да отплаќа поранешни услуги на поединци ... ??! Веројатно не - но праксата покажува нешто друго ... Се сеќавате на помилувањето на еден бивш висок функционер на СДСМ - кој беше осуден во докажан коруптивен процес ... но Председателот Црвенковски го помилува ... Веројатно има уште такви случаеви ...

Долните фотки се линкови кон дел од написи по весниците за делата на Верушевски јуниор ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter