Крвната одмазда и мафијашките пресметки се слика на денешницата која најчесто се среќава во скопската општина Чаир ... И за Мафијата и за крвната одмазда имав доста читани постови - пишани со цел да пробам да протумачам повеќе елементи за овие две негативни појави кои станаа секојдневие на Скопјани ...
Озогласена општина за вакви пресметки стана Чаир а особени места за вакви “блиски средби“ се: Пластичарската улица ... Старата скопска чаршија и особено просторот пред трговскиот центар Чаирчанка т.е. пред Јаја пашината Џамија и улицата Цветан Димов ...
Најнов случај за ваква пресметка е Крвавиот инцидент се случи во петокот околу 23 часот на т.н. пластичарска улица кај Бит-пазар. Непознати вооружени лица отворија рафална стрелба во автомобилот „даеву ланос“, управуван од 21-годишниот Шефки Рамадан. Покрај возачот, животот го загубија и неговите двајца другари, сопатници во автомобилот, Сулејман Незири (24) и Фарук Дарлишта (27).
Испаѓа дека оние кои поседуваат и користат оружје и умираат од него ... затоа мој совет е бегајте што подалеку од оружје. Има една стара која вели “Кој се игра со сабја од сабја и умира ...“
No comments:
Post a Comment