Во сивилото на случувањата во МК ... Градбата на скијачкиот центар Кожуф е една од ретките светли точки ... Оваа година поминав еден дел од летото на Тиквешко езеро ... Имав неколку промотивни постови за тоа. Видете линкови 1, 2, 3 ,4 , 5, 6, 7 ,8 , 9 ,... и уште неколку пишани но необјавени стории за Тиквешко и околината ...
Погоре Ви дадов дел од една фотогалерија која ја правев со мојата камера ... Ги одмарав очите во далечините на Кожуф ... мирната езерска вода ... тивкото ветре ... многуте и ретки птици кои егзистираат сдамо во најчисти екосредини ...
Некако мечтаев да појдам во прошетка со чамец долг езерото ... до познатиот Манастир ... до другите карпести манастири кои се бројни во регионот ... до почетокот на езерото каде се изградени прекрасни куќи ...
... и од каде почнува идниот скијачки центар ... но ете не бидна не појдов ... можеби зимава ке искористам еден викенд во промотивна фото сесија на новиот скијачки центар “Кожуф“ кој што се најавува веќе неколку години ...
Деновиве некако неприметно се пласираат вестите дека е при крај завршувањето на новата жичара во Скојачкиот центар Кожуф ... проектот за жичарата “шестосед“ го изведува швајцарската легенда Енгелхард Пергаци и неговата компанија „Хелог хелисвис“ ...
Отприлика треба вака да изгледа жичарата кога ке биде во фунција ... како долните две фотки ...
со што Скојачкиот центар Кожуф ке се израмни со подолу наведените скијачки центри кои имаат вакви ски лифтови ...
8-CLD-B-S "Schnee-Express", Austria |
8-CLD-B-S "Steinplatte", Austria |
8-CLD-B "Prodalp-Prodkamm", Switzerland |
8-CLD "Sallent", Spain |
8-CLD "Tommeuses", Tignes, France |
8-CLD "Grands Vans", Flaine, France |
8-CLD "Höllboden", Ischgl, Austria |
8-CLD "Europa 8", Hundfjället, Sweden |
6-CLD-B-S "Malbun - Täli", Liechtenstein |
6-CLD-B-S "Gernkogel", Austria |
6-CLD-B "Hochmoosexpress", Austria |
6-CLD-B "Rifugio Graffer", Madonna di Campiglio, Italy |
6-CLD-B "Gamsjet", Lermoos, Austria |
6-CLD-B "Nachtweide", Ischgl, Austria |
6-CLD-B "Kriegerhorn", Lech, Austria |
6-CLD-B "Bettmeralp-Schönbiel", Bettmeralp, Switzerland |
6-CLD-B "Spacejet 2", Flachau, Austria |
6-CLD-B "Hasensprung", Lech, Austria |
6-CLD-B "Zwerenalpbahn", Riezlern, Austria |
6-CLD-B "Val Federia - Salin", Livigno, Italy |
6-CLD-B "Sonnenkar", Garmisch-Partenkirchen, Germany |
6-CLD-B "Gerent" |
6-CLD-B "Ruka Express", Finland |
6-CLD "Espelunciecha", Spain |
6-CLD "Kotelnica V", Poland |
6-CLD "Les Fonts", Andorra |
6-CLD "Tichots", France |
4-CLD-B "Suttenbahn", Spitzingsee, Germany |
4-CLD-B "Gora Belaya", Russia |
4-CLD-B "Passo San Pellegrino", Moena |
4-CLD "Symphony Express", Canada |
4-CLD "Schoolyard Express", Mammoth Mountain, USA |
4-CLD "Hidden Lake", USA |
4-CLD "Kazan 1", Kazan, Russia |
4-CLD "Palenica", Rytro, Poland |
4-CLD "Wildwood", ID, USA |
....
Предложениот развоен план за ски центарот се однесува на целогодишниот центар кој воедно вклучува и урбана зона со повеќе од 1000 куќи, како и ски центар во регионот на планината Кожуф на локалитетот Момина Чука, 500 м одалечено од Зелен брег, на надморска височина од 2200 м. Во рамките на посетувалиштето ќе биде вклучено :
- инсталaција на нови ски лифтови
- урбан комплекс
- хотели
- центар за конференции
- трговски продажен мултимедијален центар
- ресторани,ноќни клубови,барови,казино
- вештачко езерo
“Ски центар Кожуф АД” преку директна инвестиција осигурала 54 хектари приватно земјиште, одобрување за урбана поделба, и развој на реоните; 500 хектари со амфитеатрална конфигурација и околни области за ексклузивна намена; права на употреба на природните извори на вода. Снабдувањето со вода и електрична енергија во центарот овозможено е преку сопствени генератори.
Во план е да се започне со развој на објектите во центарот на планината Кожуф и да се изгради центар со 5 ѕвезди кој ги вклучува сите услуги, ставајќи акцент на урбаниот развој како и развој на ски центарот преку летно - зимските спортски активности и активностите од културно забавниот живот.
Комплексот кој вклучува повеќе услови е лоциран на планината Кожуф, на надморска височина од 1500-1700 м, на локалитетот Момина чука со планински врв Зелен брег - на висина од 2208 м, а на 100 м одалеченост од Грчката граница. Комплексот се наоѓа на 33 км одалеченост од Гевгелија, 148 км од Скопје, 99 км од Солун, 118 км од аеродромот во Солун.
Во моментов на располагање е асфалтиран пат во должина во 19 км од Гевгелија до с.Коњско, како и недовршен пат од 1,5 км до туристичката населба Смрдлива вода, а во изградба е нов пат во должина со 13 км, кој ќе се протега од Смрдлива вода до комплексот (проект поддржан од владата преку фондот за патишта).
Природните услови при развојот на овој комплекс се: теренската конфигурација на која се конструира ски центарот, природната изложеност на ски терените, постапност на терените, климатските услови и расположливите природни извори на вода.
Викенд куќите се наоѓаат на 1500-1700 м надморска височина, ски падините започнуваат на 1500 м и се протегаат до 2200 м надморска височина. Овие куќи ќе бидат изградени на рамна површина, делумно пошумена со ретка вегетација .
Ски патеките ќе бидат одредени на површина поголема од 1200 хектари кои не се пошумени. Самата амфитеатрална поставеност на теренот свртен кон север дава услови за квалитетен количински снег во траење од пет месеци во една сезона.
Планината Кожуф е првата природна бариера на републиката која дирекно ги поднесува влијанијата на медитеранската и континеталната клима која надоаѓа од егејско море (35км воздушно), а како последица на ова, во периодот од мај до октомври има обилни врнежи, додека во период од ноември до април има снежни врнежи кои прекриваат 150 см во зимскиот период.
Услови на снег
Врз основа на периодичните мерења кои биле извршени во изминатите 8 години, можат да се изнесат просечни податоци за условите на снег на локалитетот Ски центар Кожуф. Првите снежни падежи започнуваат во ноември, многу поретко во октомври, и снежната покривка се задржува до средината на април а во поретки случаеви до првите 10 дена од месец мај. Падежи на влажен снег се типични за ноември и март, додека падежи на сув и полусув снег се типични за останатите месеци. Бидејќи целиот ски центар е со северна изложеност има услови да се задржи квалитетот на снегот.
Резултатите се одредени според месеците и надморска височина.
Табеларен приказ на снежната покривка | ||
| 1550-1850м/надморска | 1850-2200м/надморска височина |
НОЕМВРИ | 35 см | 45 см |
ДЕКЕМВРИ | 50см | 60 см |
ЈАНУАРИ | 90 см | 120 см |
ФЕВРУАРИ | 120 см | 250 см |
МАРТ | 90 см | 120 см |
АПРИЛ | 30 см | 70 см |
СКИЈАЊЕ
Ски Кожуф е дестинација која можеме да ви ја понудиме за целосно уживање и рекреација.
Условите кои ги пружа овој планински масив се благонаклонети а нивната единственост се должи на совршената местоположба со северна изложеност што резултира со квалитетна и долготрајна снежна прекривка погодна како за препарирање на ски патеки така и за “freeriding”.
Ски Кожуф се простира на површина од 1000 хектари, од кои препарираните патеки покриваат само 65 км:
- 20 км патеки за почетници
- 30 км патеки за искусни скијачи
- 10 км и повеќе за професионални скијачи
ГОЛФ
Терените на Кожуф планирани за голф се пространи и рамни, што совршено одговара за оваа игра. Бидејќи оваа активност е исклучиво застапена во летната сезона, планината Кожуф ви нуди одлична комбинација на медитеранска и континентална клима што подразбира умерени температури и мирис што провејува од егејското
море.
Во план се повеќе турнири во професионален, аматерски, женски и јуниор голф.
ПЛАНИНСКИ ВЕЛОСИПЕДИЗАМ
Терените на Кожуф се голем предизвик за овој вид активност поради својата сува, нерамна површина и рустичните пејсажи кои го урамуваат овој прекрасен планински предел.
ПЕШАЧЕЊЕ
Пешачењето е добра и корисна активност за луѓе на секоја возраст. Може да се сфати како спорт, но и како посветување повеќе време на сопствената физичка активност и телесна форма, и истовремено уживање со сите сетила во пејсажите и природата која е нескромно да се каже дека е неодолива во секој дел од масивот Кожуф. Изборот на време и место за пешачење е индивидуален, но можностите се неограничени.
Ски Кожуф ќе организира еднодневни и дводневни екскурзии со пространост на патеки во должина од над 100 км.
Во некои од дводневните екскурзии е опфатено и кампување или ноќевање во некое од бачилата.
- Организирана еднодневна прошетка низ буковата шума и високите голи предели на Кожуф.
- Дводневна екскурзија со посета на еко фармата “фарма Наков” и посета на околните бачила со организирана дегустација на природно еколошки млечни производи од козјо и овчјо млеко.
- Тродневна ексурзија со посета на околните реки Дошница и Бошава украсени со атрактивни водопади, како и излет на вештачкото езеро со кампување во близина на ски центарот.
ЈАВАЊЕ
Географската положба на Кожуф нуди големи можности за организирано јавање и истовремено уживање во природната убавина на планината и добрата клима. За оваа активност, Ски Кожуф нуди повеќе патеки кои заедно опфаќаат 140 км површина.
Предвидени се дводневни и тродневни екскурзии кои ќе се организираат во зависност од желбата и подготвеноста на посетителите.
Атрактивни локации кои ќе бидат посетени:
- многубројни патеки кои поминуваат низ богати прашуми, од кои најпознатата е наречена Морето. Оваа екскурзија е со траење од два дена и во должина од околу 20 км.
- тродневна екскурзија со посета на околните реки Дошница и Бошава и излет на вештачкото езеро со кампување во близина на ски центарот.
- дводневни екскурзии со посета на некогашните воени патеки каде има остатоци од калдрма направена за време на Втората светска војна.
Оваа екскурзија нуди неповторливо чувство на пространост од каде на висина од над 1800м ќе го имате на дланка целото Егејско море.
- двоневна екскурзија со посета на еко фармата “фарма Наков” и посета на околните бачила со организирана дегустација на природно еколошки млечни производи од козјо и овчјо млеко.
РИБОЛОВ
Планината Кожуф може да ликува со целата своја природна убавина, прекрасните зелени површини во летниот период, расцутените ливади како и ладните, сјајни, бистри реки украсени со мали водопади во длабочината на гората.
Секој страствен риболовец не би можел да одолее на мирот кој ќе го почувствува на бреговите на реката Дошница која се протега преку планината Кожуф, украсувајќи го целиот појас до Демир Капија, преплавена со реткиот вид на “поточна пастрмка”, и уживањето во прекрасниот спој на медитеранска и контитнентална клима која провејува со мирис од егејското море.
Во подножјето на планината Кожуф се наоѓа и реката Бошава, десна притока на Вардар, која го проткајува градот Кавадарци. Оттука може да скокнете и до Тиквешко езеро кое по површина е најголемо вештачко езеро во Македонија, и се крие во кањонот на реката Црна, а во неговите сребрени води можете да најдете разни видови слатководна риба: сом, крап и легла.
Вештачко езеро ќе биде направено и во непосредна близина на Ски Кожуф кое ќе биде збогатено со разни видови на слатководна риба, со цел да се овозможи риболовот како спорт, уживање и рекреација.
ПАРАГЛАЈДИНГ
Од екстремен спорт се развил во автентичен спорт кој се практикува секаде во светот, со разни техники и нови можности за пореално и послободно едрење со часови (се однесува на поголеми далечини) преку планини и водни површини.
Самата конфигурација на планината Кожуф поделена на повеќе амфитеатри, нуди поволни услови за безбедно и атрактивно едрење.
Во овој простор се присутни стабилни термички столбови и поволна роза на ветрови, константен челен ветер за едрење кој е повеќе присутен како во летниот така и во зимскиот период.
Погодните и складни терени на Кожуф овозможуваат безбедно полетување и слетување, како и одредени места за принудно слетување
КАЧУВАЊЕ ПО КАРПИ
Меѓу планинските спортови качувањето по карпи е, без сомнение, најризичен и најкомплициран. Со комбинирање на техника, опрема и добра физичка кондиција, предизвикот во планинарењето е во можноста и издржливоста на човекот.Магијата која ја кријат планините може да се почувствува најинтензивно со овој спорт и токму затоа многу луѓе се импресионирани од доживувањата кои ги искусуваат.
Ски Кожуф нуди локации погодни за ваков вид на спорт од кои најголем предизвик можете да најдете при искачување на врвот Кечи Каја , еден од најнедостижните врвови на планината Кожуф.
Комбинација на уживање во прекрасната елова шума и стрмните карпести предели ќе стекнете при искачување на врвот Момина чука каде што како награда ќе можете да се напиете од срцето на ладните бистри извори.
Во суштина, овој спорт вреди за сите жртвувања и ризици кои му се припишуваат, бидејќи самиот контакт со планините, соочувањето сам со себе, тимската соработка, чувството на слобода и понизност кое ни го оддава планината е дефинитивно само награда
ВИКЕНД КУЌИ ...
Во рамките на областа предвидена за викенд населба, која се простира на 371.500 m2 ќе се изградат куќи, бунгалови и апартмани за продажба, изнајмување и времено сместување.
Земјиштето/плацот околу секоја куќа е од 295-500 m2 ,а вкупниот број на куќи е 710.
Секоја изградена куќа, заедно со плацот ќе биде продадена индивидуално по цена која ќе биде формирана во зависност од изборот на уредување - 2 или 3 собни , а дел од куќите ќе бидат во сопственост на компанијата и ќе се издаваат или продаваат и на меѓународно ниво.
Еве уште неколку фотки ... се разбира позајмени се во функција на промоција на Ски центарот Кожуф ...
Ски центар Кожуф АД
A: ул."29 Ноември" бр. 42 - 2/1 1000 Скопје
T: 02 3290 603/ 3290 125 Ф: 02 3290 125
marketing@skikozuf.com.mk
prodazba@skikozuf.com.mk
1 comment:
koga ke pocne so rabota ...
Post a Comment