Search This Blog

Friday, October 26, 2007

И на владата и засмрде во ТЕЦ „Неготино“ ...

Сликата “http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/30A3E40E5BE1F8439B118A6C3310248F.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

Сликата “http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/72151BF7090EBC45AF725032FC96760E.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

Сликата “http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/D565DAC92DCEBC49ACD9C7A11057C904.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

Во мојот пост Смрди нешто со продажбата на ТЕЦ „Неготино“ ... реков дека нешто многу засмрде околу случајот на продажба на ТЕЦ „Неготино“.

Во горниот напис и предложив на Владата да си ја признае грешката и да се повлече од овој дил ... Владата мора да се преиспита во случајов и попоштено е да признае дека не е во ред овој тендер и да го поништи ... Слушам најново и судот забранил да се потпише продажбата ... Не и треба оваа афера на Владата ... подобро е да си ја признае грешката и наврме да се повлече ... само како ... ??

Владата тоа и го стори беше доблесна и си ја призна грешката ... го повлече дилот ...

1 comment:

Anonymous said...

03.08.2007
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=1FD9E992BADDF14D906EE9DB0F13DFC9
Според вицепремиерот Зоран Ставрески, конзорциумот не само што понудил најдобар бизнис план, туку и најдобра перспектива за изградба на ТЕЦ Неготино, што ќе придонесе енергетскиот систем во земјава подобро да се развива во земјава

06.08.2007
http://www.a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=82346
„Настаните околу Комисијата и околу Собранието беа со цел да се дефокусира вниманието од некои други настани во Македонија во период кога имаме напад или истрели врз полициска станица, кога имаме неколку безбедносни ситни, меѓутоа сепак инциденти во околината на Скопје, кога имаме најблаго речено скандалозна продажба на ТЕЦ Неготино“, рече Радмила Шеќеринска, претседател на СДСМ.

07.08.2007
http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=18BE3574CFB5A74FACFEEB0E1BC3D0A8&arc=1
Владата нема намера да го одвлече вниманието од продажбата на термоцентралата „Неготино“, изјави вчера владиниот портпарол Ивица Боцевски. Оваа реакција следува по коментарите дека Владата сака да го одвлече вниманието од овој случај, јави МИА

22.08.2007
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=2A9C11C75AB7C843B74BCA4AAE5A04E6
Nадзорниот одбор на државниот преносен систем оператор МЕПСО, вчера, го разреши досегашниот генерален директор на оваа компанија, Атанаско Тунески и на негово место го именуваше Владимир Здравев.

24.08.2007
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=3807D762F5B78541BC48C0D123B2794A
Дали Владата ќе покаже подготвеност и одлучност да ги исчисти од сите дилеми и нејаснотии случаите околу договорот со ОКТА и продажбата на ТЕЦ „Неготино“

30.08.2007
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=23CCDA7788A33B47A6FBF904DE5F723D
Владината тендерска комисија вчера ја одби жалбата на грчки Сенкап, со која тие реагираа на одлуката на Владата ТЕЦ Неготино да го продаде на конзорциумот на Хач за 61,7 милиони евра

01.09.2007
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=58CBC9484149B24E9617051A21A0B906
Kако што е познато, Владата на тендерот за продажба на ТЕЦ „Неготино“ ја избра понудата на бугарско-канадскиот конзорциум „Хач“, иако второрангираната грчка компанија „Сенкап“ С.А. понуди 6,2 милиона евра повеќе за 100 проценти од акциите на ТЕЦ, како и капацитет со поголема јачина за 100 мгв, за разлика од понудата на „Хач“. Затоа „Сенкап“ достави жалба и бараше од тендерската комисија увид во понудата на „Хач“. Токму тука Владата, според засегнатите, направи повеќе законски пропусти.

10.09.2007
http://www.spic.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=355&ArticleID=14433
Имаме сознанија дека премиерот Груевски имал врски со луѓето од канадско-бугарскиот конзорциум „Хач“, кој на тендерот го доби ТЕЦ „Неготино“, иако компанијата понуди помалку пари и полоши услови, е наведено во месечниот извештај на „Транспарентност - Македонија“

17.10.2007
http://www.a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=83992
Продажбата на ТЕЦ „Неготино“ е законска, запазени се сите процедури. Ова е одговорот што владата ќе му го испрати на американскиот Стејт департмент, кој се заинтересира за зделката.

18.09.2007
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=D197F036ADA6454E84BD30CF620C08FF
Идната недела ќе се потпише договорот “Министерката за економија Вера Рафајловска не очекува проблеми кои би можеле да го искомплицираат потпишувањето на купопродажниот договор за ТЕЦ "Неготино"
20.09.2007
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=10&tabid=1&EditionID=1207&ArticleID=77685
Се уште не е познато по колку акции од ТЕЦ „Неготино“ ќе добијат четирите фирми од конзорциумот „Хач“. Потпишување на договорот за продажба на термоцентралата беше одложен за идната недела, а во меѓувреме министерката за економија Вера Рафајловска треба да го подготви портфолиото на четирите компании - нови сопственички на ТЕЦ

22.09.2007
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1209&ArticleID=77804
„Хач“ ја купува ТЕЦ „Неготино“ во туѓо име, призна Том Рид, глобалниот менаџер за комуникации и маркетинг на канадската фирма. Во неговата преписка со „Време“ Рид наведува дека 99 отсто од активноста на оваа компанија е во името на други клиенти и дека голем број клиенти инсистираат на доверливост за нивните операции и проекти.

26.09.2007
http://www.a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=84457
Социјалдемократите обвинија дека владата на Груевски повторно се вплеткала во матна продажба, овојпат на термоцентрала……
Се огласи и најповиканата, владата на Груевски.
„Овие непотистички односи на кумови, братучетки, сестри, тетки итн. се начин на којшто СДСМ управувал и со државата и со економијата и најверојатно станува збор за начин на којшто тие сметаат дека целиот свет функционира, меѓутоа светот функционира поинаку, светот функционира со документи. Во конкретниот случај имаме верифицирани документи, во врска со односниот конзорциум, дека тој е составен од четири фирми, „ХАЧ“ Канада, „Фајненшл инженеринг“, „Мак-мекдоналд“ и „Инвент-инвестмент“ од Холандија“, вели Ивица Боцевски, портпарол на Влада.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=84348
Пролонгирано доставувањето на документите од „Хач“
„Пролонгирањето е во рок од една работна седмица. По завршувањето на овие технички детали во првата половина на октомври ќе биде потпишан договорот за купопродажба на ТЕЦ „Неготино“ според веќе завршениот тендер“, изјави владиниот портпарол Ивица Боцевски.

01.10.2007
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=FD159A9B83C8124596F1507C8CC2D22E
Владата не го дели капиталот ниту по земјата, ниту по бојата, туку според условите што се пропишани на тендери. Во случајот со Хач, Владата има верифицирани документи дека конзорциумот што го предводи оваа компанија е составен од четири компании, вели владиниот портпарол, Ивица Боцевски одговарајќи на обвинувањата дека Владата го продала ТЕЦ "Неготино" на непозната бугарска компанија.

03.10.2007
http://www.a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=84605
zа ТЕЦ „Неготино“ се заинтересира и американскиот Стејт Департмент. Владата тврдеше, дека зделката е чиста, но побара дополнителни податоци од конзорциумот.
Во веродостојноста на конзорциумот се сомнева опозицијата, обвинува дека компанија „Хач“ е само покритие, а централата ја купува бугарската „Фајненс инженеринг“.
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1218&ArticleID=78419
ТЕЦ „Неготино“ не смее да се продава
Д-р Атанаско Туневски

Зошто се продава ТЕЦ „Неготино“? Дали државата мора да го даде ХЕЦ „Тиквеш“ под концесија на 70 години, за странскиот инвеститор да ги изгради ХЕЦ „Чебрен“ и ХЕЦ „Галиште“?
05.10.2007
http://www.kanal5.com.mk/ShowNews.aspx?ItemID=25311&mid=1500&tabId=1&tabindex=0
Вицепремиерот Ставревски пак тврди дека продажбата на ТЕЦ Неготино веќе е исцрпена тема….
Опозицијата обвини дека постапката за продажба на оваа централа е матна зделка.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=84688
Контрадикторни ставови во Владата за продажбата на ТЕЦ „Неготино“. Вицепремиерот Ставревски тврди дека неготинската термоцентрала е исцрпена тема. Процесот треба да се доврши во економија. Прашањето е само техничко

10.10.2007
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=784CBC3A0DD13C4CAD6F9A84CAB3A8EF
И додека Владата упорно тврди дека се' е регуларно со продажбата, Рафајловска тактизира со потпишувањето.

http://www.kanal5.com.mk/ShowNews.aspx?ItemID=25440&mid=1500&tabId=1&tabindex=0
Судот и забрани на Владата го потпише купопродажниот договор за ТЕЦ Неготино, неофицијално тврдат за канал 5 извори од скопска двојка. Тоа практично би значело дека термоцентралата засега нема да оди во рацете на конзорциумот ХАЧ што Владата го одбра за најсериозен купувач.

15.10.2007
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=1&EditionID=1226&ArticleID=78875
Најматниот настан за минатиот месец, продажбата на ТЕЦ „Неготино“, е во режија на Владата и на премиерот Никола Груевски, велат од Социјалдемократскиот сојуз. На вчерашната прес-конференција тие посочија дека продажбата на термоцентралата била замислена да се реализира среде лето, во сенка на пожарите и настаните за одземањето на имунитетот на еден пратеник, меѓутоа опозицијата, медиумите и бизнис-заедницата го расипале овој план.

16.10.2007
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=B86F3B07250BE042B5A0E888D866AB1C
Тендерската комисија која требаше да ги разгледа дополнителните документи на конзорциумот Хач, прворангираната компанија која победи на тендерот за продажба на ТЕЦ Неготино и вчера не се состана. На барање на министерката за економија Вера Рафајловска, овие документи од бугарските и турските претставниците беа доставени во Министерството за економија уште пред десетина дена.

22.10.2007
http://www.a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=85260
На оваа тема денеска во Парламентот се скараа власта и опозицијата. На собраниската комисија за европски прашања СДСМ реагираше, бидејќи во извештајот кој Македонија го подготвувала за Брисел, Владата констатирала дека процесот за приватизација на ТЕЦ „Неготино“ е завршен

Blog Archive

Site Meter