Search This Blog

Wednesday, October 24, 2007

Политичките суети се повеќе и пречат на Македонија ...

Сликата “http://217.16.95.25/WBStorage/Articles/C76EAE37C559834FB8CACC19EB7DC648.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

Точно е дека начинот на кој се донесе одлуката за новите државни празници предизвика контраверзи ... особено во судирот на позицијата и опозицијата ... Гласањето беше тесно (За законот гласаа 58 пратеници, двајца беа против, а двајца воздржани...) ... Но простата логика вели додека не се смени законот - тој важи за сите во Македонија па одтука и за опозиционите партии и особено за Председателот ни ...

Сликата “http://217.16.95.25/WBStorage/Articles/033CCB963B90F545961B01097E9513DF.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

Неопростиво е одсуството на Председателот од вакви прослваи со “оправдување“ за доделување високото државно одликување - орденот 8 Септември во Франција на проф. д-р Роберт Бадинтер поради неговиот исклучителен придонес за јакнењето на меѓународната положба и углед на Република Македонија и неговиот придонес за развојот и афирмацијата на меѓунационалните односи во земјата, а и поради неговиот придонес за развивањето и зацврстувањето на пријателските односи и соработката на Република Македонија со Република Франција.

Сликата “http://www.vecer.com.mk/WBStorage/Articles/11E4FF9A774727439B7042D1CB7A8E6A.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

Од една страна имаме Председател кој не ја почитува Владата и не присуствува на прославите кои ги организира Владата - дури ни на државни празници ... тоа е недопустливо ... Председателот е председател на сите граѓани на МК ... може нешто и да не му се допаѓа - но институциите и одлуките на Владата и Парламентот мора да ги почитува од кога ке бидат донесени во Парламентот или во Владата ...

Истото се однесува и за Владата и Премиерот ... Председателот е избран ... и не е добро да се бојкотира со отворени судири со институцијата Преседател на МК ... Се руши угледот на Институцијата Председател на МК ...

1 comment:

Anonymous said...

Ako pokanite sto se isprakjaat do Pretsedatelot se nasloveni do 'G-not Crvenkovski",a ne "do Pretsedatelot G-n Crvenkovski", bez da se sledat osnovnite nacela na kulturata vo obrakjanjata, kako ocekuvate pretsedatelot da prisustvuva na nekoja proslava. Odnapred mu se kazuva deka moze da dojde megjutoa nema da bide pocituvan.

Blog Archive

Site Meter