Search This Blog

Tuesday, October 23, 2007

ВМРО ... ден ... VMRO ... Ден на Македонската револуционерна борба ...

osnova;ite.gif

Дилемата е дали е денеска државен празник (празник на сите граѓани на РМ ...) или празник на роденденот на партијата ВМРО-ДПМНЕ ...

Секако дека е денеска државен празник ... но празникот е усвоен во Собранието со тесно мнозинство (За законот гласаа 58 пратеници, двајца беа против, а двајца воздржани...) каде опозиционите пратеници гласа против ... каде НСДП гласаше воздржано ... каде ДПА смета дека е тоа приватен празник на ВМРО-ДПМНЕ а ДПА воопшто се нема изјаснето по ова прашање ...

http://www.makfax.com.mk/cgi-bin/get_img?NrImage=2&NrArticle=87512

Власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ денеска организира свечена академија во МНТ, а екс лидерката на ВМРО-Народна Весна Јаневска кани на коктел во „Континентал“. Во Собранието за првпат ќе се доделува и Наградата за особени достигнувања во областа на науката, културата и образованието „23 Октомври“... усвоено во Собранието истотака со тесно мнозинство (50 гласа “за“ и 8 “против“...) Воздржано гласаше и коалициониот партнер на ВМРО-ДПМНЕ, НСДП. ... Наградата за добитниците ќе изнесува десет просечни плати или околу 2000 евра. Предвидено е да се доделуваат пет вакви награди.

Етнологот Танас Вражиновски, методичарот Тахир Зајази и писателот Гане Тодоровски се добитници на државната награда „23 Октомври“, која годинава се доделува првпат.

СДСМ и ЛДП велат дека ке го бојкотира празникот и дека кога повторно ке дојдат на власт ке го укинат овој празник ... За жал повторно ДЕЛБИ ... СДСМ одбива дури да игра фудбал на турнир во Куманово организиран во чест на празникот. На турнирот ќе учествуваат осум екипи, меѓу кои освен од кумановските разграноци на НСДП, ЛДП, ДПА и Социјалистичката партија, ќе има екипи и од скопските Ѓорче Петров, Бутел и Гази Баба.

Што всушност се случило на овој ден и зошто овој ден се смета за “Ден на Македонската револуционерна борба“ ... види тука, ... интересно на МК Википедија скоро да нема ниеден релевантен запис за денешниот ден ...

На 23 октомври 1893 година во куќата на Иван Хаџи Николов во Солун, Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Антон Димитров и Хрсто Ботанџиев го формираа Македонскиот револуционерен комитет од кој подоцна произлезе Внатрешно Македонската Револуцонерна Организација (ВМРО) или Внатрешно Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО).
- Организацијата се бореше за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош од надвор.
- Формирањето на ВМРО значеше почеток на организираното македонско револуционерно движење кое преку Илинден 1903 и Крушевската република, преку НОВ резултира со создавање модерна самостојна македонска држава
.

Уште во стартот на зародишот на оваа идеја осем сегашната опозиција различно мислење имаа и некои истакнати историчари ...

Академик Блаже Ристески вчера по телефон ни изјави дека идејата не е добра.
"Нема смисла да прават такво нешто. Втори Август може да биде државен празник, но не и основањето на ВМРО. Тоа ќе отвори многу прашања", кажа академик Ристески.
- Историјата бележи дека ВМРО е основано во Солун во домот на Христо Батанџиев на 4 ноември (23 октомври-стар стил) 1893 година. Покрај домаќинот, на основачкиот состанок учествувале д-р. Христо Татарџев, Дамјан Груев, Иван Хаџи Николов-книжар, Андон Димитров и Петар Поп Арсов.
- На овој состанок било разгледувано прашањето околу дејствувањето и работењето и идејната поставеност на новата македонска организација. Било одлучено организацијата да дејствува револуционерно и сите активности да ги спроведува строго конспиративно. Дејствувањето да се извршува исклучиво на територијата на Македонија во нејзините природни етнички и историски граници и во неа да членуваат лица родени или исклучиво кои живеат во Македонија, без да се гледа верската и националната припадност. Дискусиите се одвивале во правец на автономија на Македонија со цел да се искористи
чл. 23 од Берлинскиот договор.

Написов излаезе како последица на моето изтражување на интернет за денешниот празник и контраверзите поврзани околу него ...

1 comment:

Anonymous said...

zosto tie akademici politicari novinari i tn. ne gi zaprasame ili podobro samite ne se zaprasale a zosto pak bi go slavele 11 oktomvri.Nesakam da bidam pogresno sfaten no fakt e deka nekoj saka da gi ocrni site onie sto se borele pred 1941 i so toa se so vredi od Mkedonskata istorija da ottugi

Blog Archive

Site Meter