На Блогерајот и воопшто на македонската блог сцена се разви пред година дена голема дебата ... на едни кои беа Милениумскиот Крст да се одштрафи и стопи и на други кои беа да се доврши ... Самиот пишав пост со назив “КРСТ“ ... на кој пробав да ја појаснам симболиката на крстот и како дојде до негова изградба ...
Крстот на Водно е изграден во 2002 година - обилно подпомогнат од тогашната Влада ... но беше предвиден со мегаломански големини и најлошото беше што како и сите други работи во нашата држава не беше доизграен .... Така имаме ситуација да се потроши голема сума на пари и да не се дојде до завршница на објектот ...
Објектот наместо обележје на Скопје стана руина на Скопје ... распукани плочи - легло на дрога ... опасен објект од безбедносен карактер ... светат само неколку сијалици - рефлектори и наместо сјај ја покажуваат нашата беда ... неплатени сметки за струја ...
Очито е дека црквата нема сила сама да го довши објектот и да стопанисува со него .... дел за верски цели дел за туристички и стопански цели ... (стопански заради антените)...
Вообичаено е вакви објекти да си ги гради самата црква ... од свои извори и од спонзорства и мецени ... Но ние немаме такви моќни мецени - кои се во состојба да дадат толку големи прилози и затоа ја разбирам Владата која се заложува за довршување на објектот кој го започна една друга влада на ВМРО ...
Во меѓувреме Фондацијата за изградба на Крстот на водно присобра пари за да го доизгради и за да се поправи пристапниот пат ... секако со обилна помош на сегашната влада ... Пропаѓа само идејата за жичара ...
Читам денеска Милениумскиот крст на водно - т.е. огромните платоа ке се поплочуваат со мермер од КИНА ... ефтин бил - ама квалитетен ... Ефтино и квалитетно се скоро непоиви поими ... Аманте бе луѓе - Македонија е преполна со квалитетен мермер - зарем од Кина ке носиме мермер за симболот на Македонија и Скопје ... Ај разбирам за лифтовите - нема македонски ... но мермер, мермер имаме во изобилство и тоа квалитетен ...
Зарем никој не успеа бројните компаниии кои копаат и екслоатираат мермер - да ги убеди да донираат мермер за крстот ... или барем ефтино да го дадат ...
Кинезите со своите ефтини производи влегоа во секој сегмент на нашиот живот ...
No comments:
Post a Comment