Сите даваме голема надеж на пристапувањето во ЕУ ... Подржката за ЕУ интеграцијата на МК е огромна во редот на сите граѓани од МК ... од сите националности и етнички групи ... Но поради процесот на кочење на ЕУ интеграционите процеси ... и сталната тензија на криминогени настани и закана со војна во МК ... на МК никако да и тргне во правец на доближување кон ЕУ ...
МК вчера подпиша две спогодби со ЕУ...
Македонија вчера потпиша две спогодби со Европската унија за користење на средствата на Инструментот за претпристапна помош (ИПА).
- Првата спогодба е финансиска и е наменета за транзициона помош и институционална надградба, а се однесува на т.н. брза програма, која ги покрива реформите во полицијата и поддршката за изработка на програми или проекти, во износ од 12 милиони евра.
- Втората спогодба се однесува на правилата за соработка во врска со финансиската помош од ЕУ во рамките на спроведување на помошта според ИПА и со неа се дефинираат правилата за користење на средствата од фондовите во следните седум години, како и начините на кои Македонија ќе реферира за тоа пред Европската комисија.
- Спогодбите ги потпишаа македонскиот заменик-претседател на Владата задолжен за европски интеграции Габриела Конеска-Трајковска и амбасадорот на ЕУ во земјава, Ерван Фуере.
Спогодбите се однесуваат за работењето на Полицијата и за правилата за соработка во врска со финасиската помош ... хм ... сеуште имаме огромна недоверба во нашите институции ...
No comments:
Post a Comment