Скоро 4000 Македонци се собраа пред парламентот во Камбера на протест против именувањето на МК држава како ФИРОМ ... Со ова се покажува колку Македонците кои живеат во странство а особено оние во Австралија си ја сакаат својата држава ...
Ја гледав на ТВ иконографијата на настанот ... организирана од здружението „Потомци на Александар“ и Здружението на македонски општини од Австралија. Верувам дека Грците не спиеле таа ноќ во Австралија ... На македонија и фалат само уште неколку земји да ја признаат под уставно име и во Обединетите нации по автоматизам т.е. на барање на МК да се признае уставното име ... Заради ова е и нервозата на грчката администрација ...
Мене овдека повеќе ми е зборот колку Македонците кои живеат во странство - си ја сакаат МК и колку им недостасува родната грутка ... 4000 луѓе е тешко да собереш на политичко случување во МК ... а во Австралија е особено тешко поради огромната раздалеченост на живеењето од место во место дури и по неколку иљади километри ...
1 comment:
Кажи им на тие 4000 да дадат по 10$ за Македонија, ќе видиш колку ќе останат.
Post a Comment