По големите превирања заради употребата на знамњата на заедниците кои живеат во Македонија (се сеќавате на случувањата во Гостивар со масовни препукувања ... полициска акција и еден погинат чинам ...) - Собранието на 15 Јули 2005 година донесе Закон за употреба на знамињата на заедниците во РМ. Со законот се регулираше материјата каде и кога можат да се употребуваат знамињата на заедниците ... за да преку истакнување на знамињата го изразуваат својата посебност, идентитет и особеностите ...
Па така член 4 од законот даваше право да се истакнуваат знамињата на заедниците пред локалните самоуправи - каде заедницата е мнозинство ... тука (пред локалните самоуправи) можеше постојано, знамето на заедницата да се вее - заедно со знамето на РМ ...
Со член 5 од законот ова право за истакнување на знамето за време на празниците и при доаѓање на странски делегации и Председателот ни, во локалнта самоуправа ... беше дозволено да се истакнуваат по плоштадите и улиците каде поминуваат делегациите ...
И членот 6 од законот даваше право за истакнување на знамето на заедницата се разбира заедно со знамето на РМ - при разни средби, натпревари, собири, прослави, свечености и манифестации кои ги организира заедницата ...
Членот 8 од законот регулираше како ке биде редоследот на знамињата ...
Горниве 4 члена се укинати од Уставниот суд на седница со образложение дека знамето е изразување на симбол на суверенитет на една држава и не е дозволиво да се употребува на начин со кој е предвидено во Законот за употреба на знамињата на заедниците ...
Сега што ... Имаме правен вакум ... ??!
Имавме ситуации во населените места и територии каде живее албанската популација на несоодветна употреба на знамето ... Сетете се дека кога поминувате низ Чаир во многу случаеви ке сретнете огромни знамиња на Албанската заедница ... а знамето на РМ - никаде го нема ... Сетете се на бројните митинзи на албанските политички партии во иконографијата се употребуваа огромни знамиња на албанската заедница без никакво знаме на државата ни ... Сетете се дека денот на албанското знаме во Албанија се предлагаше да биде државен празник и во РМ ... Не се усвои тоа ... но за нашите Албанци тоа не е ни потребно - тие тој ден си го слават како најголем празник ... со бројни манифестации ...
Со истакнувањето на абанското знаме секогаш се дава порака дека е тоа суверенитет на Албанците ... тоа на сите ни е јасно ... Таквите места некои луѓе ги заобиколуваат - не возат по тие улици ... за пешки не ни помислуваат ... се иселуваат од такви населби ... со што се врши гетоизација и тивко етничко чистење на територии ... Заради оваа појава умира старата скопска чаршија ... Ако на сето тоа ја додадеме и нагласената градба на Џамии во вакви населби и громогласното молење со разглас од неколку иљади вати ... кој истотака ги иритера граѓаните - кои не издржавајки си го бараат чарето за друго место за своето живеење ... доаѓаме до тоа дека ако се додадат и некои други ситни и крупни закачки - ке го согледеме тивкото етничко чистење на голем дел од териториите во Западна Македонија ... секако заедно со делови на Скопје - до камени мост како имагинарна граница ...
Ке предизвика ли последици оваа одлука на Уставниот суд ... Можеби ке се сетат Албанците дека и во Уставниот суд ке мора да се носат одлуки по Бадентер ... за почеток ... Македонија е повторно справена со ушете една невралгична точка ... токму во време на немилиот настан на инцидентот во Танушевци ...
No comments:
Post a Comment