Сегашната Влада на РМ има нов стил ...
- Најпрвин да си ги исполнува ветувањата дадени на изборите ... и забрзано да работи на предизборната програма ... Ова е новаст за наши услови и тоа треба да се поздрави ... Верувам дека гласачите на ова Влада тоа ке знаат да го ценат ...
- Секојпат кога ке реши нешто важно Груевски ја собира цела Влада - се слика со нив во позадина и дејствува како ПР на Владата и соопштува важни одлуки ... Владата реши ...
... да набави незнам колку опрема за здравството ...
... да ја зголеми платата на администрацијата ...
... да го намали данокот за земјоделските производи ... лековите ... комјутерите ...
... да ги качи пензиите ...
... да ја качи платата на администрацијата ...
... предвреме да ги врати дел од кредитите ...
... се отвара ова ... се отвара она ...
... Да не бројам има многу вакви соопштенија на Владата - кои Ввадата решила да ги спроведе и ги најавува со нов "PR" начин ...
... Најновото соопштение на “Владата реши“ ... е соопштернието од вчера ...
“ Состојбата со санитарните јазли во училиштата е алармантна и тие не ги задоволуваат ниту најоснoвните критериуми, што беше констатирано и од Државниот санитарен инспекторат, кој реагираше со забрана за нивно користење како превенција од заразни болести, особено во училиштата во кои бројот на учениците е поголем, истакна Груевски. Имајќи го предвид имплементирањето на проектот за инклузија на децата со посебни потреби во редовниот наставно-образовен процес, потенцираше премиерот, адаптацијата на санитарните јазли кон потребите на овие ученици ќе го зголеми резултатот на неговата примена. Вината за лошата состојба во училиштата Груевски ја префрли на лошата политика на досегашните влади кои недоволно добро ги поставувале приоритетите во образованието.
Како втор проект со кој Владата ќе ги подобри условите во основните и во средните училишта е замената на дотраениот инвентар. Претседателот на Владата најави дека ќе се набават 95.000 училишни клупи, а околу 45.000 од нив ќе бидат комплетирани со нови столчиња. Со воведувањето на деветтолетката и со задолжителното средно образование ќе се зголеми бројот на учениците, а со тоа и потребата од дополнителна опрема.“
Дел од оваа пракса прифати и опозицијата ... и таа кога има важно соопштение собира на бина десетина истакнати свои членови и соопштува ... Владата згреши тука ... тука .. да не ги набројувам ...
Ова некоја агенција за "PR" ја има советувано Владата и тоа таа успешно го прави ... Опозицијата критикува дека Владата двои многу пари за рекламни кампањи и тоа кога нема избори ... и на таков начин ги поткупува медиумските куќи да пишуваат позитивно на неа ... Тоа е наречено од мене “Фабрика 2“ ...
Е сега дали е во ред ваквиот начин на соопштување на “Владата реши“ ... Груевски го оправдува ова со потребата неговите гласачи и народот да знаат што работи Владата ... А опозицијата нека ги лови грешките на оваа Влада и нека ни соопштува - тоа и е работа ...
Кој ке биде поуспешен во овој начин на соопштување - ке пресудат наредните избори и тоа дури по три години ...
No comments:
Post a Comment