Search This Blog

Wednesday, October 10, 2007

Тамбурковска држава ... судство и полиција ...

Сите знаеме кој е Тамбурковски Владислав ... Човекот кој ја крчмеше МК економија во две влади на ВМРО и СДСМ ... Се изнагледавме скандали и тепачки поврзани со неговото име ... Му се доделуваа најголемите стечајни постапки во времето кога сеуште не се бричеше ... едноставно нели ... сеуште не почнала да му расте брада - а тој задолжен да располага со неколку најкрупни економски капацитети, кои беа од оние првите десет големи загубари ... Сетите се само на САНОС фабриката за автобуси ... Сетите се на Газела - најголемиот некогашен производител на чевли кој едно време ги обедини скоро сите чевларски фабрики во МК ... Сетите се на велешка топилница за оловоцинкова руда ...

Од кога почнаа судовите да го прогонуват тој мистериозно исчезна ... пропадна во земја ... На неколку судски процеси едноставно не се појавува ... Има и правосилна пресуда за затворска казна од пет години ...

Прашањето е го бара ли полицијата ... ??!! Велат го бара ама го немало дома ...

Код

Код истражувајки го “случајот“ Тамбурковски успеа да го пронајде во мајка Бугарија ... Гледај чудо како реномиран професор во амерички колеџ - предава како треба да се работи по прописи ... Код ја праша полицијата ... Го барате ли вие Тамбурковски ... полицијата вели да го бараме ... Код прашува а имате ли потерница за во странство ... Полицијата одговара е тоа немаме - никој од нас не побарал да го бараме во странство ... треба судот тоа од нас да го побара ... а види богати тоа на судот не му “текнало“ ...

Полицијата и судството се МК тамбури за овој случај - во кој се умешани две политички гарнитури ... Тамбурковски врви низ МК систем како тој си сака ... Тамбура држава ...

Судството и полицијата паднаа на овој случај ... Ке паднат ли нечии глави заради овој пропуст ... Се апсат луѓе спектакуларно за минорни случаи а оваа крупна риба се шета низ МК и соседството ... види богати дури и угледен професор е ... Не е чуда да има и БГ пасош ...

- Тамбурковски во притвор ...
- Шест месеци затвор за Тамбурковски ...
- Тамбурковски уште е во Белград ...
- На Тамбурковски ќе му се суди во отсуство ...

Go to fullsize imageGo to fullsize image

No comments:

Blog Archive

Site Meter