Возачки книшки ... покани за глоба ... Зона на смирен сообраќај ... Сообраќаен тек ...се некои нови поими кои ги среќаваме во новиот Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата ...
*** “Возачка книшка“ според закнот е јана исправа што ја издава надлежен државен орган во која се запишуваат негативни бодови во прекршочната постапка што се води за прекршоци во областа на сообраќајот ...
Во член 293 се велки дека ја издава Министерството за внатрешни работи при издавање на возачката дозвола ...
Во член 417 се вели дека формата и содржината ја составува министерствот за внатрешни работи ...
Во член 431 се вели дека Возачите на моторните возила се должни во рок од една година од денот на влегување на овој закон да се пријават во Министерството - заради издавање на возачка книшка ...
Но ако направи прекршок за кој е предвидена глоба и упис на казнени бодови - Возачката книшка се издава веднаш за да се упишат негативните бодови ... ова по член 431 став два ...
*** “Глоба“ е истотака нов темин ... се осеќам сега како да сум во Бугарија ... до сега само таму ме “глобеа“ ... Еве каде се се среќава зборот “глоба“ ...
- член 3 точка 3 ... глоба 330 евра ...
Учесниците во ообраќајот не смејат да го оштетуваат патот или ојектите на патот и да го попречуваат сообраќајот ...
- член 6 точка 4 ... глоба 480 евра ...
Уредување на сообраќајот на локалните патишта ... не побарале согласност од Министерството ...
- член 7 точка 2 ... глоба 520 до 1.350 евра ...
- член 7 точка 3 ... глоба 330 евра ...
- член 7 точка 3 ... глоба 330 евра ...
- член 7 точка 4 ... глоба 330 евра ...
Исполнување на здравствени и други услови за своите возачи заради безбеност во сообраќајот ...
- член 8 точка 2 ... глоба 550 до 2.350 евра ...
- член 8 точка 3 ... глоба 470 евра ...
- член 8 точка 4 ... глоба 330 евра ...
Контрола на оспособеност на возачите и исправност на возилата ...
- член 11 точка 3 ... глоба 520 до 1.350 евра ...
- член 11 точка 4 ... глоба 330 евра ...
- член 11 точка 5 ... глоба 300 евра ...
Недозволено градење на објекти кои на било кој начин пречат во сообрачајот на јавните патишта ... недозволена продажба-трговија на јавен пат ...
- член 12 точка 5 ... глоба 550 до 2.350 евра ...
- член 12 точка 6 ... глоба 330 евра ...
- член 12 точка 7 ... глоба 480 евра ...
- член 12 точка 8 ... глоба 300 евра ...
Обележување на времено оштетен пат ...
- член 13 точка 5 ... глоба 550 до 2.350 евра ...
- член 13 точка 6 ... глоба 330 евра ...
- член 13 точка 7 ... глоба 300 евра ...
Неорганизирано пропуштање на возила при изведување на работи на пат и невадење соодветна дозвола за истото ...
- член 14 точка 2 ... глоба 520 до 1.350 евра ...
- член 14 точка 3 ... глоба 330 евра ...
Ненавремено одстранување на пречки на патот од типот на соспи, одрони, голомразица,
- член 15 точка 3 ... глоба 480 евра ...
- член 15 точка 4 ... глоба 300 евра ...
Ненавремено обвестување на јавноста за ограничување и за забрана за движење .. како и за проодноста на патиштата ...
- член 17 точка 4 ... глоба 480 евра ...
- член 17 точка 5 ... глоба 300 евра ...
- член 17 точка 6 ... глоба 300 евра ...
- член 17 точка 7 ... глоба 250 евра ...
- член 17 точка 8 ... глоба 45 евра ... плус 25 негативни бода ...
Ненавремено остранување на оштетени возила на патот и предмети кои се дел од оштетеното возило ...
- член 18 точка 2 ... глоба 250 евра ...
Неприлагодување на соодветна одалеченост ...
- член 19 точка 5 ... глоба 300 евра ...
Необрнување на внимание на пешаците ... незастанување пред пешачки премин ако има пешак на него ... ако не застанал во моментот ког апешакот зачекорува на обележаниот премин ... или на места каде има присаство на деца ...
- член 20 точка 5 ... глоба 550 до 1350 евра ...
- член 20 точка 6 ... глоба 330 евра ...
- член 20 точка 7 ... глоба 480 евра ...
- член 20 точка 8 ... глоба 300 евра ...
Неовластена изработка на знаци со кои се обележуваат лица со посебни потреби ...
- член 21 точка 6 ... глоба 300 евра ... плус забрана од 12 месеци ...
- член 21 точка 7 ... глоба 35 евра ... плус 20 негативни бода ...
Несоодветно постапување при режимот на застаување на возилата кои вршат јавен превоз на патници ... и на возачите кои се позади возилото кое застанало да прими и или да остави патници ...
- член 22 точка 3 ... глоба 45 евра ... плус 25 негативни бода ...
Не давање на предност на возилата од јавниот ппревоз кога се вклучуваат во сообраќај ...
- член 23 точка 3 ... глоба 20 евра ... плус 10 негативни бода ...
- член 23 точка 4 ... глоба 20 евра ... (за оној кој не се врал со појас а не е возач)
Не врзување на сигурносен појас ...
- член 24 точка 3 ... глоба 45 евра ... плус 25 негативни бода ...
Користење на мобилен додека возиш без соодветен уред ...
- член 25 точка 4 ... глоба 250 евра ...
Несоодветно поместување на возилото лево десно, менување на сообраќајна лента, престигнување , заобиколување, полукружно свртување ... излегување од гаража ... и сл ...
- член 26 точка 3 ... глоба 35 евра ... плус 20 негативни бода ...
- член 26 точка 4 ... глоба 15 евра ...
Ако не поставиш лице кое ке покажува дека е небезбено на патот а си застанал заради одредена потреба на патот ...
- член 27 точка 4 ... глоба 25 евра ... плус 15 негативни бода ...
Ако не уклучиш трепкач (жмигавец де ...) а вртиш ...
** Возачот не смее да врши полукружно свртување какде нема доволна прегледност ...
- член 28 точка 2 ... глоба 45 евра ... плус 25 негативни бода ...
** При сретнување на возило кое има жолти ротациони светла треба да се прилагоди брзината или да се застане во спротивно ...
- член 29 точка 3 ... глоба 35 евра ... плус 20 негативни бода ...
** Користење на соодветен пат со соодветно возило ...
- член 30 точка 2 ... глоба 20 евра ... плус 10 негативни бода ...
** Ако не се движиш во десната лента ...
- член 31 точка 5 ... глоба 250 евра ...
** Ако не се движиш во средината на својата коловозна лента на јавен пат ...
- член 32 точка 2 ... глоба 20 евра ... плус 10 негативни бода ...
** На јавен пат со четири коловозни ленти ако поминеш на лента од спротивната насако ...
- член 33 точка 5 ... глоба 250 евра ... плус 12 месеци забрана ...
- член 33 точка 6 ... глоба 300 евра ...
** Движење со цик цак насока во две ленти ...
- член 34 точка 3 ... глоба 45 евра ... плус 25 негативни бода ...
** Несоодветно движење наназад ...
- член 35 точка 4 ... глоба 20 евра ... плус 10 негативни бода ...
- член 35 точка 5 ... глоба 45 евра ... плус 25 негативни бода ...
** Несоодветно нагло намалување и зголемување на брзината ...
- член 36 точка 3 ... глоба 45 евра ... плус 25 негативни бода ...
- член 36 точка 4 ... глоба 25 евра ... плус 15 негативни бода ...
** Несоодветно прилагодување на брзината ...
- член 37 точка 4 ... глоба 20 евра ... плус 10 негативни бода ...
- член 37 точка 5 ... глоба 25 евра ... плус 15 негативни бода ..
** Движење со поголема брзина од 60 километри во населено место ... 120 километри на автопат ... 100 километри на магистрален пат ... 80 километри на други патишта ...
- член 38 точка 5 ... глоба 300 евра ... плус забрана 12 месеци ... за над 30 километри/час над дозвлоеното ...
- член 38 точка 6 ... глоба 45 евра ... плус 15 негативни бода ... за над 10 до 30 километри/час над дозвлоеното ...
- член 38 точка 7 ... глоба 20 евра ... плус 10 негативни бода ... за до 10 километри/час над дозвлоеното ...
- член 38 точка 8 ... глоба 300 евра ... плус забрана 12 месеци ... за над 50 километри/час над дозвлоеното ...
- член 38 точка 9 ... глоба 45 евра ... плус 25 негативни бода ... за над 30 до 50 километри/час над дозвлоеното, во населено место ...
- член 38 точка 10 ... глоба 20 евра ... плус 10 негативни бода ... за до 30 километри/час над дозвлоеното, во населено место ...
** На јавните патишта се ограничува брзината на следните моторни возила:
- 80 километри/час за автобуси ... товарни возила до 7.500 кг маса ... и патнички возила со приколки ...
- 70 километри/час за автобуси со организиран сообраќај ... зглобни аутовуси ...
- 30 километри/час за трактори ...
- 25 км/час за трактори со приклучни машини ...
- член 40 точка 4 ... глоба 480 евра ... ако нема знак за ораничување поставен на возилото позади ...
- член 40 точка 7 ... глоба 250 евра ... плус 15 негативни бода ...
** Свртување во десно само од крајната десна лента ...
- член 41 точка 3 ... глоба 20 евра ... плус 20 негативни бода ...
** Непочитување на првенство на минување ...
- член 42 точка 7 ... глоба 300 евра ...
** Доаѓање на раскрсница со зголемена претпазливост ... и навремено престројување ...
- член 43 точка 3 ... глоба 35 евра ... плус 20 негативни бода ...
** Непочитување на семафори ...
- член 44 точка 5 ... глоба 300 евра ...
- член 44 точка 6 ... глоба 15 евра ... за пешак кој не почитува семафор ...
** Ако се помине на додатно зелено а не се пропушти пешак или возило ...
- член 45 точка 3 ... глоба 35 евра ... плус 20 негативни бода ...
** Ако влезеш во раскрсница на зелено ... но не си ја напуштил навреме мора да пропуштиш оние кои се со зелен сигнал ...
- член 46 точка 2 ... глоба 20 евра ... плус 10 негативни бода ...
** Ако ти се запали зелено ама раскрсницата не е расчистена не смееш да влезеш во раскрсницата ...
- член 47 точка 2 ... глоба 25 евра ... плус 15 негативни бода ...
Ова се само една шестина од казните предвидени со законот ... кој сака да дознае се нека оди на линкот на законо ... го има погоре ...
.......................................
прекршоци и казни
-за пијан возач 400 евра
-за возење на црвено 300 евра
-за возење без возачка дозвола 300 евра
-за непропуштање на пешак да мине на
пешачки премин 300 евра
-за нерегистрирано возило 300 евра
-за погрешно паркирање во близина
на пешачки премин 250 евра
-за паркирање во близина на
железнички премин или во близина
на раскрсница 250 евра
-за паркирање на места за инвалиди 200 евра
-за погрешно престројување 35 евра
-за возење без светла 35 евра
-за везење без ремен 20 евра
-за пешак кој минува вон
пешачки премин 25 евра
-за пешак кој минува
на црвено светло 35 евра
-за паркирање пред
влез на објект 45 евра
-за блокирање на паркирано возило 45 евра
- за паркирање спротивно на
сообраќаен знак 25 евра
No comments:
Post a Comment