Search This Blog

Thursday, October 18, 2007

Величајки го ТОШЕ ПРОЕСКИ ...

Два дена Македонија е во стрес, грч ... тага ... молк ... Долго време ке ни треба на сите да се вратиме во колосек ... Тоше беше “наше дете“ ... “нашата гордост“ ... Беше тоа позитивно нешто во оваа клекната МК ... Тоше беше нашата Дијана ... Видете ги само искрајните и непосредните писма на младите оставени во кругот на центарот ... Сите нации и вери одадоа достојан почит ... Дури и председателот на МК јавно кажа дека никој не успеал така да ја обедини МК ... Тој е Председател на сите нас ... а јавно си признава дека не си ја работи квалитетно својата работа (незнае да изнајде начин како сите да не обедини ... да биде “татко на нацијата“ ...) ... значи ако е чесен - ке се повлече самиот - заради неуспехот на својата работоа ... Но ...

Апропо тоа тука некаде блиску до тој круг треба брзо да никне и споменик на Тоше ... Вчера едвај се осудив неколку пати да погледам на ТВ што се случува ... Се фаќав самиот себе како плачам, што во себе - што онака со солзи и јецање ... (веројатно тоа е одраз на плачење заради самиот себе и својата судбина ...) ... Каде и да погледнев по улица гледав луѓе млади, стари, мажи, жени како јецаат ...

Сношти фудбалската утакмица помина истотака во знак на Тоше Проевски и неговата навивачка химна ... Спортистите ... Комитите и другите навивачи и навивачки групи - ке знаат да му се одолжат на Тоше и во другите спортски средби ...

Македонија - онака разединета едно момче од 26 години ... во моментрите на неговата трагедија ја обедини (овие два дена) ... Сите тажеа и гледаа колку можат тоа да го искажат на свој начин ... некои велат дека тоа било претерано тажење ... сопре работата два дена во сета државна администрација (не требало да застане државата ...) ... Се организира закп - со сите државни почести, каде и цел балкан тажеше спонтано, онака како што со својата спонтаност Тоше ја освоји, најпрвин МК, па потоа и цел Балкан ... За утеха на Тоше и Александар Македонски не го освои целиот свет ...

Сите знаеме колку нешто ни вреди - дури одкога ке го изгубиме ... Се` се кажа во овие два дена за Тоше ... Сите прекрасни нешта кои тој за ова кратко време (десет години кариера ... 26 години живот ... направи ...). Пленеше со својата непосредност, искрајност, квалитети и племенитост ... Долго време мајка нема да роди таков на овие простори ...

Некои оправдано го споредуваа со величината на Александар Македонски ... и тој многу направи за неговиот краток живот ... Многумина искрајно го опишуваа онака како тие го доживеале ... Јас пробав да го споредам со мојот татко кој истотака по трагична несреќа погинал на работно место ... За мојот татко неможев да се начудам како со своите 26 години успеал да створи фамилија со две деца ... да има дуќан (столарски ...) да работи на државно ... да работи земјоделие ... да купи еден стан во Скопје ... да стокми пари за плац на Водно (кои за жал потоа отидоа за неговиот погреб ...), да направи куќа во своето родно место ... кога и како сето тоа му успеало ... Да не заборавам во тие 26 години има и три години војска ... Се споредував со себеси ... Јас такво достигнување неможам да достигнам ни со моите 53 години живот ... а веројатно нема никојпат да го достигнам ...

Значи има некои луѓе кои можат ... знаат, умеат и сакаат ... За жал испаѓа дека таквите луѓе ги сака и господ ... па ги прибира толку рано кај себе ...

Не би бил јас ако не кажам и некоја критика ... Имено трагедијата на Тоше и неговата фамилија ја искористија многумина (вклучувајки ме и мене ... поради моите два написи за Тоше ...) повторно да се себепромовираат ... ОК, тоа е нормално ... кога на некого ке му успее да собере толку иљадници луѓе на едно место и тоа спонтано ... веројатно никојпат ... Митинзите на нашите плитички партии се полнат едвај со неколку иљади луѓе и тоа пола на “сила“ ... Се одржаа многу говори - каде говорниците истакнувајки го делото и допринесот на Тоше ... не пропуштија и себе да се промовираат ...

Искрајно највеќе ми посмета говорот на Владиката Петар ... Беше тоа говор на “црковен политикант“ - кој ја посрамоти црквата ... Такви Владици не и требаат на МК црква ... жалосно е да се искористи онака тажен момет да се пренесат пораки кои црквата треба да ги дава само на своите верници во црквата ... говорот му беше неумерен ... да не употребам некој потежок израз за што потоа ке жалам ...

Заради говорот на Владиката Петар ... е и насловот на постот е “Величајки го ТОШЕ ПРОЕСКИ“ ...

- TOŠE PROESKI ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter