Со зголемувањето на интернет пенетрацијата во МК т.е. со компјутеризацијата и новите понуди за поефтин и подобар интернет - осетно се зголемува релевантноста на МК Блог ... Написите на блогерите од МК завземаат високи места на интернет пребарувачите ... не дека се повеќе читани од весниците - туку заради начинот на кој интернет пребарувачите пребаруват и индексираат - написот на блог завзема високо место ...
Ова ги боли новиарите - но повеќе ги боли би рекол нивните газди ... Совет до нив ставајте линкови во вашите написи и ке видите дека со оглед на читаноста ке ги завземате заслуженте места и на интернет ...
Ова ги лути и партите .... бидејки блогерите неретко пишуваат за сите аспекти на политиката ... Политичарите кои се повеќе сурфаат на интернет “ги боли“ кога не можат да најдат “фабрикувани“ написи за својата работа - какви се прават по весниците ... со моќта на финасирање на весниците преку многуте рекламни капањи ... кои највеќе служат да “ги подјармат“ весниците ... да пишуваат “фабрички“ написи ...
Совет до партиите ... Нивните “тупаници“ (лидерите де ...) нека отвараат свои блогови со време ... не пред избори ... Дотогаш релевантноста на блогот ке се зголему за неколку пати ...
Еве неколку примери за да ја потвдам тезата ...
1. На 12 Октомври, 2007 - 15:28 - пишав промотивен пост за Јана Стојановска ... Тоа беше вчера ... Вече денеска постот на Гоогле е на прво место ако индексирате Јана Стојановска ...
2. На 15 Март, 2007 - 14:01 ... пишав пост за БИО-ПИРАМИДА ... Поради тоа што написите на интернет живеат “вечно“ ... овој напис му посметал на сопственикот и пишал кометар на еден од моите блогови ...
- Една од причините зошто ми се лути ПХД системи за постот за биопирамида е не баш промотивниот пост за биопирамида ... кој е на високо трето место на гоогле - ако индексираш “био пирамида“ ...
Релевантноста на блогот на интернет просторот е огромна ... не толку поради квалитетот на моите написи - туку поради начинот на кој пребаруваат пребарувачите и многуте линкови кои ги има по блоговите ....
3. Еве трет пример ... Јани Макрадули беше предмет на моето пишување во минатата година ... постот е на осмо место на Гоогле ...
4. Или пишете Груевски во Гоогле ... Еден од Моите постови за Груевски е на високо осмо место ...
5. Или пишете Бучковски на Гоогле ... Еден од моите постови за Бучковски е на повторно високо 19 место ...
Порака до Блогерите од МК ... пишувајте и со тек на време ке бидете високо индексирани ... се разбира кога вашиот блог ке добие на “тежина“ на интернет просторот ...
Видете само колку линкови има во овој пост !!! Во линкувањето е јачината на блогот ...
No comments:
Post a Comment