Search This Blog

Monday, November 17, 2008

Проблеми со акцијата/проектот - Компјутер за секое дете ...

http://www.dnevnik.com.mk/WBStorage/Articles/267F1749B371F44BB3C43D08BDB316B6.jpg

Владата на Груевски континуирање се залага за развој на ИТ технологии ... меѓу повеќето акции секако најголема и најскапа е акцијата за Компјутер за секое дете ... од основно и средно образование ...

читај повеќе »

Иако и овој проект го подржував од неговиот старт ... во текот на изведбата на проектот испливаа на површина многу проблеми ...

  • наместо да набават ефтини лаптоп компјутери (со модел ваучерска партиципација на дел од цената на лаптопот ...)... - се отиде на набавка на дестоп компјутери ... т.е на неколку сервери ... додека другите се клиенти ... Ова направи проблем со вмрежувањето на компјутерит и со милион кабли за струја и за мрежа ...
  • школите се со стари електрични инсталации ... вклучување на многу компјутери одеднаш предизвикува проблеми со електричната инсталација ...
  • клупите на учениците се запоседнати/исполнети, тастатурите и глувчето ... нема место за тетратките ... се изгуби визуелниот контакт учени/наставник и ученик/ученик ...
  • ненавремено се набави софтвер за компјутерите ... се одлучи тие да се покренуваат со Линокс ...
  • обуката на професорите се одвиваше со Виндовс ...
  • самите ученици по дома имаат Виндовс така да и за нив Линуксот е новина која ја учат ...
  • нема содржини и програми за работа на предметите ... каснат проектите ...
  • интернетот за компјутерите е преслаб за да може да го користат истовремено ...
  • почна да се крадат тастатури и особено мауси ...
  • да не заборавиме дека секој компјутер кој се купува денеска за неколку години, три/четири технолошки застарува ...
  • веројатно има уште мал милион други проблеми ...
  • опозицијата обвини за многу неправилности во процесот на набавката на компјутерите ...

Што од сето ова може брзо да се поправи ...

  • секако обуката на наставниот кадар за работа со Линукс и мрежи ...
  • наставниците треба да спремаат свои содржини за во склад со наставните програми ...
  • министерството за образование треба да исфинансира прилагодени учебници за учење преку компјутер а не учебник ...
  • проблемот со интернетот во Македонија нема да биде решен се додека државата не се свести и не исфинасира ИНТЕРНТ АВТОПАТ ...
  • звучи неизводливо, но можеби треба да се размисли да се ослободат клупите од компјутерите ... подот од многу кабли ... компјутерите да бидат висечки ... закачени на таванот или соодветна конструкција ... така ке се ослободат клупите ... ке се реши проблемот со каблите кои се плеткаат во нозете ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter