Конечно Скопје доби еден капитален објект кој е почнат и завршен во времето на Градоначалникот Костовски ... предлагам да ја наречеме “КлучкаКостовски“ ...
Изградбата на клучката чинеше 3 милиони евра ... а како сообраќајно решение ке помогне во одстранување на метежот во овој дел на градот ... особено во растеретување на надвозникот кај Битпазар ...
- Градоначалниците на Скопје, Гази Баба и на Чаир - Трифун Костовски, Коце Трајановски и Изет Меџити, на Денот на ослободувањето на главниот град, 13 Ноември, ја пресекоа лентата на еден од најважните објекти изградени во Скопје во последниве години.
- Новата клучка е комбинација од денивелиран патен јазол, систем „труба“ и ротонда на местото на вкрстувањето на „Беласица“ и булеварот „Александар Македонски“. Со подвозникот и со кружниот тек се обезбедува вртење во сите правци кон излезот или влезот во градот, кон Бит пазар или кон Скопски саем.
- Една од најглавните функции на новиот објект е да обезбеди комуникација со мостот кај Транспортниот центар и со новата автобуска станица за меѓуградските автобуси, кои со ова ќе го избегнат вртењето низ Бит пазар и центарот на градот.



No comments:
Post a Comment