Search This Blog

Showing posts sorted by relevance for query северна трибина. Sort by date Show all posts
Showing posts sorted by relevance for query северна трибина. Sort by date Show all posts

Friday, December 07, 2007

Градски стадион ... се доизградува !!

Сликата “http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/E90235B1AC6D36418F0C72B0C4C6851F.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.
Градски стадион е во фаза на градба на северната трибина - која ке биде копија на јужната ... Источна и западна ке чекаат други времиња ... Крајната цифра на публика ке биде 50.000 гледачи. ... респектабилна бројака ... но, ке се начекаме ...
Најпрвин околу името на стадионот ... Градски стадион не е “доволно добро“ име кое се однесува за стадион на една суверена држава ... Зарем немаме ние некоја заслужна историска личност или од спортот, културата ... Добро е кога не е одбележано како некоја бројка ... Стадионн “256“ ...
За неадекватното одбележување на имињата на нашите улици пред некој ден имаше забележителен пост Деди - Скопски лабрадор ... кој ја појаснува праксата на именување на улиците по светските градови ... кажува дури дека и поголемите згради имаат име - и дава свое видување зошто е тоа подобро ...
Но добро, ние немаме име ни за нашиот најстар мост - кој сега го носи името “Камени мост“ ... Немаме име ни за централното кале - кое сега го викаме “Скопско Кале“ ... Очито се имаме одкажано од некои историски брендови, кои во бурното историско време на оваа територија владееле со овие простори ... Некои бренддови од тоа време како да се забранети за употреба. ...
Да се вратам на “Градскиот стадион“ кој никако да се доизгради ... Те Јужна трибина ... те покрив за неа ... па сега гледам Северна трибина ... па дури потоа Источна и Западна ... Толку ли сме сиромашни да мораме да градиме на етапи ... или незнаеме тоа да го направиме ... Видете ги стадионите во западните земји ... Сетете се на калот на утакмицата со Хрватска ... Нашиот централен стадион заличи како некој стадион од некоја затуцана селандра ... жив срам ...
Се чекаме некои донации да ни дадат ... слушам сега од Уефа и Фифа незнам колку ... од Атлетската федерација незнам колку ...
За Градскиот стадион би требало да се грижи градот и градоначалникот ... но тој или незнае или не му се даваат финасии да го исчисти, осветли и да ги закрпи дупките ... За крупни инвестиции со ваков градоначелник и буџет не станува збор ...
И да, под итно да се сруши срамната ограда меѓу стионот и играчиштето ... Во минатото арените се оградувале да не влезат дивите животни и гладијаторите на трибините ... Сега како да имаме обратна слика ... “дивите животни“ и гладијаторите се во трибините ... па оградата служи да се спасат играчите во арената - од публиката ни ... срамота ... Ако немаме култура на спортско навивање и бодрење на својата екипа ... спортско и фер наградување со аплауз на противничката екипа - не заслужуваме да имаме стадион и да гледаме спорт и уживаме во благодетите на спорската борба и натпребварот ... Дури немаме почит ни за химните на странските држави ... Срамно е нивното исфиркување ...

Monday, November 24, 2008

Дали е доизградбата на Градскиот стадион - Скопје, рекламна порака ...

http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/B572941D8FF1C643B9979950C07D51B8.jpg

Неспорно е дека главниот град на Македонија треба да има барем еден отворен стадион по светски стандарди ... каде што ке гледами фудбал/атлетика и други спортови ... Градскиот стадион на Скопје - почна да се доизградува пред многу години ... уште во времето на бившиот социјалистички систем ...

читај повеќе »

Минатата година оваа Влада исфинансира изградба на нова северна трибина ... деновиве се најави доизградбата на преостанатите две трибини (источна и западна ...)... почетокот на доизградбата се поклопува со времето на локалните избори ... ова е еден од адутите на моментално владеачката партија, кој ке биде употребен во локалните избори во Скопје ...

Во околината на Македонија не е изграден таков стадион од приватни пари ... и нормално е што државата го финасира од буџетски средства ... но не е нормално изградбата да ја планира во време на избори ... и уште помалку не е нормално Владата - Централната власт да го спроведува тендерот за изградба ... сосема природно е вакви проекти да се доверуваат на локалната власт за изведба а Владата да ги контролира трошењата и казнува злоупотребите кои евентуално би се појавиле ...


Blog Archive

Site Meter