Славевски напуштаки го Министерството за финасии порача дека владата мора да штеди ако сака да не се доведе во ситуација на банкрот.
- Од почетокот на оваа година Владата се задолжува на домашниот пазар со високи камати. Се задолжи и на странскиот. Во резерва е аранжман со ММФ.
- Ставревски ги собрал сите директори на јавните претпријатија и им рекол да штедат на сите сектори, процентот на проектираната заштеда треба да биде 16 проценти ...
- Проектите кои се почнати се одржаваат на минимум.
- Некои од фрлените први лопати и пресечени панделки останаа само на тоа.
- Тендерите пропаѓаат бидејки се проценува дека Владата нема пари за нив.
- Од телевизиите соопштуваат дека дури и владините кампањи се проретчуваат.
- Владините хонорарци (проценката е дека се од 4 до 6 иљади) тешко си ги земаат хонорарите. Дел од јавните претпријатија доцнат со платите (Македонија пат три месеци) ...
- Некои археолошки ископувања времено се прекинати ...
На сите ни е јасно дека во криза мора да се штеди - но се прашувам зошто Владата се срамува да признае дека штеди. Некои злобници велат дека Владата се однесува како пијан коцкар кој губи големи влогови ...
1 comment:
Sto naslov bese ova covece,zbunuvacki gl.p a i koi bea tie zlobnici .....
Post a Comment