Search This Blog

Saturday, July 18, 2009

Малата Ана и тетка Нада не успеаа да ги спасат дрворедите на Илинденска ...

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/91Large.jpg?t=1235320351 http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/92Large.jpg?t=1235320744
Малата Ана и тетка Нада не успеаа да ги спасат дрворедите на Илинденска ...
На Ана и тетка Нада некој им ја пресече иднината. Градот во присаство на 50 полицајци го пресече најстариот скопски дрворед првпат засаден 1924 година. Коце Трајановски изјави дека нема да дозволи никој да го уценува него и Скопјани. На жителите на Илинденска им порача ако сакате дрвја селете се во Газибаба ...
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/93Large.jpg?t=1235320933 http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/94Large.jpg?t=1235320967
На 22 феброари оваа година беше одржан мирен протест против сечењето на дрворедот на Илинденска ... околните граѓани и бизнисмени изјавија дека тоа е најголемата глупост што некој ја смислил за најстариот скопски дрворед.
http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/914Large.jpg?t=1235323450
Горната фотка разјаснива дали теоретски тука може да има уште две коловозни траки, трака за велосипеди и трака за пешаци ... а каде е местото за новиот дрворед ... ??! ... Значи она што сега е велосипедска патека би било нова коловозна лента, која ке зафати и дел кој сега е пешачка лента ... ке останат само две метри за патека за велосипеди, патека за пешаци и дрворед ... се гледа дека во два метри тоа е невозможна мисија ...
http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/81Large-2.jpg?t=1235648169
Илинденска долго време ја следам на мојот блог. Поточно од почетокот на 2007-ма. Илинденска представува и засебна улица по тоа што на неа се неколкуте преостанати стари куќи кои го даваат духот на старото Скопје, како Пионерскиот дом и десетици други куќи, следствено таа би требало да е ставена под заштита на државниот завод за заштита на културното наследство. Илинденска е скопската Скадарлија.

Трајановски изјави дека конечната одлука како ке изгледа Илинденска ке ја дале стручните служби. За илинденска во тој дел најдобро решение е подземна сообраќајница а сегашниот коловоз да се претвори во шеталиште и спои со Градскиот парк ... но на Коце Трајановски тоа му изгледа префуристички. Тој сака кога оди на работа во Градскиот парк да не губи време во сообраќајниот хаос ... Можеби Коце Трајановски е свесен дека не не бива од подвозник да ја одстраниме атмосферската вода а камоли да се справиме со скапа градба како тунелско решавање на улица.
  1. Илинденска остана без дрвја, ќе добие канализација ... http://www.novamakedonija.com.mk/Uploads/News/ilindenska.jpg
  2. На „Илинденска“ веќе нема јавори, но и поплавите ќе станат минато ... http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/4268FE18B8E7AB4DA3F7620EFDCE43C1.jpg http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/62618FCCBF5A3E45A94DD1BB8FF81777.jpg
  3. Илинденска остана без дрворед ... http://www.vecer.com.mk/WBStorage/Articles/AF06DC3C1FCB6342AC4A363616C0CD96.jpg
  4. 50-тина полицајци обезбедуваа сечење на 32 дрва на „Илинденска“
  5. Настрадаа старите јавори на „Илинденска“
  6. Падна дрворедот на Илинденска ... http://www.dnevnik.com.mk/WBStorage/Articles/312C93AA8618BC459AD03C6E044BFB47.jpg

No comments:

Blog Archive

Site Meter