Search This Blog

Loading...

Friday, July 24, 2009

Кризен данок ... Владата демантира дека ке го спроведува ...

Буџетот е во криза, паѓаат приходите од приходната страна, особено загрижува падот на приходот од ДДВ. Во текот на изминатите месеци имаме:

Повеќе »

  • Зголемен трговскиот дефицит
  • Пад на девизните резерви
  • Пад на производството во клучните гранки
  • Се очекува и пад наместо раст на БДП
  • Странските и домашните директни инвестиции се движат околу нулата
  • Пад на ликвидноста и недостаток на обртни средства
  • Зголемување на каматите на кредитите и пад на кредитниот рејтинг
  • Имавме и прв ребаланс на буџетот каде се скастрија инвестиционите проекти (оние покрупните) - останаа поситните и платите на администрацијата
  • Паѓаат тендери поради немање на пари за нивно спроведување
  • Спас се бара и во задолжувањето како на домашниот така и на странскиот пазар
  • ММФ е резервен план
  • Се спроведува план на штедење во сите министерства и јавни претпријатија
  • Замрзнати се сите нови вработувања
  • Слаби резултати даваат и новите ситни даноци, казни и пенали кон малото стопанство и граѓаните ...
Бидејки сето ова е малку во Владата се готви нова стратегија воколку продолжат негативните тенденции. Изборот е во два правца зголемување на даноците и воведување на нови кризни даноци (по примерот на Хрватска) или кастрење на администрацијата. Трето нема. Бидејки Владата се изјаснува дека не го прифаќа хрватскиот модел на зголемување за еден процент на ДДВ-то т.е. три проценти кризен данок на платите и пензиите, како и специјален данок на хонорарите - веројатноста дека ке оди на кратење на администрацијата е поизвесна. Мене пак ми изгледа дека сепак за кратко време Владата ке ги ископира хрватските кризни мерки, впрочем како и се друго што копира од Хрватска.

1 comment:

Развигор said...

Кастрење на администрацијата ми е најневеројатно, оти функционирањето како агенции за вработување на сметка на државата е основа на моќта на било која партија што била на власт досега во Македонија.

Blog Archive

Site Meter