Во услови на огроман сиромаштија и невработеност, на изолација од ЕУ – државата тренира строгоќа врз својот народ. Врз кого, ако не токму врз сиромаштијата и невработените. Тие се најбројни. На сите врати труби дека своите пари од народот ке ги утерува со присилна наплата. ОК – не е тоа новост, така се справуваат со наплатата повеќето држави во светот. Данокот мора да се плати. Но се ли се среди, па присилната наплата кон државата да се средува. Гледам “падна“ невработеноста, се “профелионализира“ администрацијата и драстично се “намали“ … пораснаа платите и пензиите …
Пред некој ден државата објави дека ке го утерува долгот и за својата огласна табла. Тие се рекламираат а ние ке ги плаќаме. Англија објави дека ја замрзува ТВ претплатата т.е. радиодифузната такса, поради осиромашувањето како последица од економската криза. На друга страна државата страна ги легализира рекетарите т.е. оние кои даваа пари на камата. Што има заедничко мафијата и државата ?! … Државата – контра народот. Кој е победникот однапред се знае. Треба само избори да дојдат. Е да, важно мора да се централизира ДБК,УБК и сите служби на разузнавање сосе военото разузнавање. Таму никој не контролира. Буџетот веќе четири години секоја година расте како да има квасец во тој дел … Ни влегуваат дури и во спалните соби без да не прашаат.
No comments:
Post a Comment