Search This Blog

Sunday, October 03, 2010

Глас од Малта - SKOPJE BRITISH CEMETERY - CARMELO CASSAR ... Англиски воени гробишта Скопје

http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/8-4Large.jpg?t=1275854798
сл.1

http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/8-3Large-1.jpg?t=1275854870
сл.2
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/8-2Large-1.jpg?t=1275854949
сл.3
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/8-1Large-1.jpg?t=1275855038
сл.4
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/8-15Large.jpg?t=1275855109
сл.5
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/8-21Large.jpg?t=1275855194
сл.6
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/8-20Large.jpg?t=1275855258
сл.7
Name:      CASSAR, CARMELO
Initials:     C
Nationality:     United Kingdom
Rank:     Private
Regiment/Service:     Army Service Corps
Unit Text:     706th M.T. Coy.
Age:     19
Date of Death:     04/11/1918
Service No:     M/374154
Additional information:     Son of Spiridione and Marianna Cassar, of 163, Sda Reale, Hanirun, Malta.
Casualty Type:     Commonwealth War Dead
Grave/Memorial Reference:     D. 8.
Cemetery:     SKOPJE BRITISH CEMETERY
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/8-19Large.jpg?t=1275855429
сл.8
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/8-18Large.jpg?t=1275855508
сл.9
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/8-16Large.jpg?t=1275855599
сл.10
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/8-23Large.jpg?t=1275855668
сл.11
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/8-13Large.jpg?t=1275854194
Сл.12 Свети Арангел и Михаил Автокоманда Скопје
Cemetery:  SKOPJE BRITISH CEMETERY
Country:     Macedonia,
Locality:     SKOPJE
Location Information:     The war cemetery is north-east of the town, 1 kilometre north of the railway station in Bulevar Jugoslavija. It lies adjacent to the church of the Archangel Michael and an accommodation building for the university.
Historical Information:     Skopje was captured by the Bugarians in October 1915 and re-entered by French cavalry at the end of September 1918. Skoplje British Cemetery was created after the Armistice when burials were gathered together from Kumanovo British Cemetery, Prilep French Military Cemetery, Veles British and French Military Cemteries and other burial grounds. The great majority of those who died were men of the RASC (MT), who died of influenza after the Armistice with Bulgaria. There are now 124 Commonwealth servicemen buried or commemorated in this cemetery. Six of the burials are unidentified and special memorials commemorate six servicemen buried in Uskub German Cemetery whose graves could not be found.
No. of Identified Casualties:     118
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/8-12Large.jpg?t=1275854314
сл.13 Англиски воени гробишта Скопје
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/8-14Large.jpg?t=1275854408
сл.14
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/8-11Large.jpg?t=1275854472
сл.15
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/8-10Large.jpg?t=1275854535
сл.16
Приказот за Англиските воени гробишта кои се во склопот на црквата Св. Архангел Михаил Скопје - Храм Славе во автокоманда, го прошири новинарот на Утрински Димитар Чулев, во неговиот напис, за која потреба направи кратко интервју и со мене во врска со мојот напис за Англиските воени гробишта и случајот со CARMELO CASSAR ... :

Градинарот од Британските гробишта

Атанас и претходно татко му Глигор Георгиев четири децении се грижат за 124-те гроба на Британските воени гробишта
Димитар Чулев
Атанас има 52 години, аманет од татко му Глигор и сопруга Силвана од која добива целосна поддршка за неговиот ангажман два пати во неделата слободното време да го посвети на одржување на Британските гробишта во дворот на црквата „Св. Архангел Михаил“ во скопска Автокоманда.

Речиси четириесет години семејството Георгиеви се грижи за последното почивалиште на некои странски војници кои пред речиси еден век се бореа и умираа во непозната земја дотогаш за нив, Македонија. Атанас, од април до ноември, секој викенд оди да ги посети и да ги уреди розите, брезовите гранчиња, булките и тревките кои можеби почнале да растат во погрешен правец.

„Од централата во Солун задолжена за хортикултурното уредување на Британските гробишта редовно добивам инструкции… Кога татко ми Глигор прв пат ме однесе да му помогнам, си спомнувам, имаше борови и многу сува трева... Пред петнаесет години, рекоа да се исечат боровите и да се посадат брези“, вели Атанас. „Сега, една од четирите брези под во чија дискретна сенка се распослани 124 гроба е болна... Чекам да добијам инструкции како да постапам...“

Во 11 часот во 11. ден од 11. месец во 1918 заврши Првата светска војна, најголемото крвопролевање во светот дотогаш. На територијата на географска Македонија, или попрецизно на Солунскиот фронт (1915-1918), војуваа над еден милион војници – на страна на Антантата против Централните сили: Германија, Австро-Унгарија и Бугарија. Солунскиот фронт беше отворен во 1915 година со цел да и' се помогне на Србија. Британските сојузнички сили во огромен дел беа потпомогнати од грчки, српски, црногорски, француски, италијански и руски трупи. Обидот по истоварувањето во октомври 1915 година по долината на Вардар да се продре на север не успеа. Во 1916 година беше воспоставена линија на фронтот што одеше од Битола се' до Дојран и натаму до заливот Стримоникос, која ќе трае до 15 септември 1918. Дури 50 илјади војници на Антантата ги оставија животите на фронтот. Од нив, 124 британски почиваат на воените гробишта во дворот на црквата „Св. Архангел Михаил“, кој од септември 1918 година бил воен стационар. Многумина ранети минале низ оваа, во тоа време, „болница на крајот на градот“ Скопје, заземен од Бугарите во октомври 1915 – 123 британски војници (од кои шестмина никогаш не биле идентификувани) и една медицинска сестра останаа засекогаш во градот за кој можеби никогаш не слушнале, но кој стана нивен вечен дом. За да биде трагедијата комплетна, повеќето од нив починаа по прекинот на непријателствата, од епидемија на грип што ги беше зафатила ранетите, измачените изгладнети уморни војници по години војување.

Читаме на скромните коцкести камења поредени во низи: Медицинска сестра, C.M.Tougfil – 14 ноември 1915; Мајор, M.A.Black – 1917; војник D.C. Martin, 31, загинал на 7 ноември 1918...

„Пред две години дојде една девојка во британска униформа. Имаше ознаки можеби на КФОР... дојде со свештеник, ми рече кусо дека нејзиниот дедо почивал овде“. Атанас никогаш повеќе не ја видел. Необичната задача да се грижи за гробовите на британските војници Атанас ја презема од татка си Глигор. Последните години неговиот татко веќе не можел да се посветува на вечните почивалишта... „Ме замоли јас да го продолжам аманетот што е во семејството повеќе од половина век“, вели Атанас.

Глигор, родум од Јаница, Егејска Македонија, задачата за грижа за гробиштата ја презел од кумашинот Мичо Кајханидис од Драмско, кој од почетокот на педесеттите се грижел за гробиштата. Глигор и Мичо биле соборци во антифашистичкото движење ЕЛАС за време на Втората светска војна, учесници на ДАГ за време на Граѓанската војна во Грција од 1946 до 1949 година, каде што се зближиле како браќа, или уште повеќе, станале кумови. Во семејството Глигорови велат дека знаат дека пред Мичо бил уште некој кој во повоените години бил задолжен за гробиштата, но не му го паметат името. Но, добро си споменуваат на Никос Цулос, сега 90-годишен пензионер во Атина, кој со децении бил прв човек на Бирото од Солун кое е подружница на Комисијата за воени гробишта на Комонвелтот.

Во 2000 година Атанас добил писмо од Бирото со кое е известен дека тој и официјално во иднина е задолжен да се грижи за градината каде што почиваат британските војници. Говори течно грчки и тоа било една од предностите, а семејната традиција била препорака плус.

Најголемиот број од британските војници биле погребани во Грција зашто на таа страна од фронтот биле поголемиот број од медицинските стационари и болници, но и затоа што во Солун на гробиштата Зеитинлик веќе постоеле католички гробишта. Од 21 мај 1917 година со кралски декрет Велика Британија ја основа Воената комисија за гробишта на Комонвелтот задолжена да основа и да се грижи за вечните почивалишта на загинатите. За разлика од други земји, кои одбирале заеднички масовни гробници за илјадниците загинати, Британците претпочитале посебни гробови за секој загинат, на внимателно избрани локации за гробишта кои ќе се уредуваат и одржуваат според строга процедура. На 11 ноември 1921 година прв пат се одржа Ден на сеќавањето на британските жртви во Првата светска војна: низ целиот свет биле положени 100.000 венци, 350.000 крста и 40 милиони булки. Булката од тој момент станува обележје за 23.264 гробишта за колку што се грижи Комисијата низ целиот свет.

Мајка му на Атанас и сопруга на Глигор, Василика, и денес живее во Автокоманда. Под товарот на годините, веќе не е моќна како некогаш за да му помага на синот во светата должност за нив.

„Паметам, ни вели, сопругот ми раскажуваше дека на патот Скопје - Велес, некаде од десната страна, преку реката Пчиња, има уште два гроба на британски војници“. Никогаш не била таму, меѓу другото, и затоа што нема пристап – може да се стигне само со чамец. Каде е точното место – не разбравме.

Читаме натаму од надгробните плочи, војник F.J. Smith, 29, умрел на 4 јануари 1919 година. Два месеца по официјалниот крај на Првата светска војна.... шест безимени гроба со едноставен натпис „Known unto God“ (Знаени од Господ).

Еден надгробен камен ни го свртува вниманието: војник C.Cassar – умрел на 4 ноември 1918, на 19-годишна возраст и под тоа едноставната кратенка R.I.P. (почива во мир) под скромните лични податоци. Мало претходно истражување на историјата на Британските воени гробишта во Скопје не' донесе до интересната сторија загатната на Интернет-страницата http://volanskopje.blogspot.com. „Волан“ објави фотографии од Британските воени гробишта... до тие објавени фотографии дошол еден од роднините на еден од загинатите. Луиџи Касар Манги од Малта во јуни годинава го контактирал сопственикот на сајтот и се распрашал за неговиот прачичко, Кармело Касар, за кого знаел дека загинал во Македонија и дека почивал на Британски гробишта во Скопје. Луиџи побарал, доколку е можно, фотографија од гробот што се води под сигнатура D8… во повратно писмо изразил задоволство, ако може така да се каже, од тоа како изгледаат гробиштата, од свежиот трендафил до гробот на неговиот предок.

Стоиме до гробот на Кармело Касар, за кого дознавме барем нешто повеќе од неговото име и возраст кога умрел на една недела пред официјалниот крај на Првата светска војна. Знаеме дека бил син на Спиридон и Маријана Касар, дека заминал како малтешки војник и семејство кои го носат споменот за него.

Атанас вели дека од година на година бројот на оние што доаѓаат да изразат почит е се' помал. „Беше тажно и воедно возвишено кога до пред десетина години доаѓаа организирани групи воени ветерани. Старци на кои им висеа ордени на палтата... Британци, Французи... ги имаше отсекаде. Имаше нешто посебно во таа минута молчење со која им оддаваа чест на своите браќа по оружје или соборци кои не стигнаа да се вратат дома.
Последните ветерани
За последни преживеани британски ветерани од Првата светска војна се сметаат Флоренс Беатрис Грин, родена на 19 февруари 1901 година. Таа е последна жена-ветеран и последен ветеран што живее во Велика Британија. Регрутирана во 1918 година и работела како келнерка за женскиот РАФ во кој се пријавувале жени што сакале да помогнат во војната. Живее во Кингс Лин, Норфолк.

Клод Стенли Шолс, роден на 3 март 1901 година, е последен британски ветеран кој бил учесник и во двете светски војни. Бил регрутиран во 1916 година. Бил последен сведок на капитулацијата на германската морнарица и се смета за последен жив сведок на Првата светска војна. Се преселил во Австралија во 1926 година и служел во австралиската морнарица во Втората светска војна. Живее во Перт, Западна Австралија.

Според Енциклопедија Британика, бројот на активните учесници во Првата светска војна бил 65.038.810. Бројот на воените жртви се смета дека е 9.750.103.

Глас од Малта
„Тој ден во јуни останав шокиран кога на мојата и-мејл адреса ја добив следнава порака на македонски: ’Почитуван г-дин Volan, Мојот голем чичко Carmelo Cassar беше малтешки војник кој умре во 1918 година и бил погребан во Британскиот гробишта во Скопје. Од истражувањето знам дека неговиот гроб е референцирани D.8. и мислам дека неговото име Carmelo Cassar е напишана на гробот. Може да ве молам пратете ми близок до слика на неговиот гроб плоча? Или дај ми e-mail јавете се на гробишта чувар молам. Со почит, Luigi Cassar Manghi, Малта’.

Интернет-преведувачот прави чуда, беше првото што го помислив. Вториот впечаток беше дека треба да бидам горд дека направив нешто големо“, ни раскажува Александар Димитриевиќ, човекот кој стои зад сајтот volanskopje и професионално се занимава со фотографија. „Моја цел е да му ги претставам на светот знаменитостите на Македонија. Така стигнав и до Британските гробишта. Старите скопјани од предвоена Југославија го нарекувале ова место „Храм на славата“, бидејќи во подрумите на црквата има крипта со посмртните останки на стотици српски војници.

Во знак на благодарност, Луиџи Касар му испратил на Димитриевиќ мал подарок: медалјон што се носи на ревер, еден вид орден за посебни заслуги што ги направил за Малта. „И ветување – вели Димитриевиќ – дека ќе ја посети Македонија“.





No comments:

Blog Archive

Site Meter