сл.1 Излегов да пазарувам, надвор ме дочека рана есен ...
сл.2 И како што обично бива кога ке излезам на пазар се заборавам - здогледав пиперки за ајвар, се сетив колку многу го сакаме сите дома, особенот синот. Бидејки немавме ајвар правено минатата година со керката која дојде од УСА јадевме неколку тегли Випров ајвар ... одличен е најблизок до вкусот на домашниот. Дома пред да се разболи жената правевме редовно ајвар. Во последните шест години на двапати дома во станот на шпорет правевме малку, за мерак само ... Минатата недела гледав како комшиите тука правеа ајвар, па реков по компотот од дуњи - ке направам уште еден експеримент да направам ајвар ... ми се пријаде ... а и синот кога минатата недела со девојката ми дојде на гости ми побара ајвар. Среќа имав една тегла која ми ја подарија луѓе (роднини) кои правеа ајвар пред мене ... ајвар и сиренце со потпечено лепче за мерак ...
сл.3 Ако утре грее сонце тука на оваа тераса ке го правам ајварот, ако не на долната тераса само ке ги печам пиперките а ке го правам горе во кујната на шпорет на плин ... Повелете со рецепти за ајвар ке го правам со 30 килограми пиперка ајварка, шест килограми модри патлиџани, малку моркови, малку лута пиперка, малку магданост и малку лук за вкус ... кој има желба може да се најави и да помогне во печење, лупење, мешање, собирање во тегли ... празните тегли и пиперките ке ги измијам уште вечерава ... ваљда ке стигнам, морам прво од станот да земам некои работи, голема шепа на пример и мелница ... тегли имам и тука ...
сл.4 Во рана есен кога ке почнат дождовите тревата повторно добива убава зелена боја ... оваа притоа е и заросена ...
сл. 5 Во дворот на мајками за неколку години ке имам и смокви, па после ке правиме и слатко од смокви ... да, има и ореви и лешници - но за нив другпат ...
сл.6 Цвеќињата од мојата тераса и од терасата на мајками веќе ги сместив во ходникот на куќата, пред еден прозор - одлично место да презимат ...
сл.7 Кога сме кај цвеќињата се сетив на ова убаво растветано цвеќе долу во дворот на мајками - знае ли некој како се вика ова цвеќе ...
сл.8 Е да, оваа сардела која е лозар почнала пак да цвета ...
сл.9 Да завршам со оваа типично раноесенска фотографија на пожолтени лисја од брезите кои самиот ги посадив во дворот пред 17 години ...
No comments:
Post a Comment