сл.1 Јаболко Ајдаред ... дојде моето време - времето на јаболката, не останувам без најмалку три јаболку дневно ... nа слатко маки сум која sorta јаболка да ја изберам ... ова е ајдарец, сега му ја сакам киселкастата нијанса, инаку оваа сорта ја јадам на крај на сезоната, ајдарецот најмогу трае ...
сл.2 Муцо ... ја сакам во секое време но најубава е мaлку покасно особено околу нова година ...
сл.3 Јонагол ... на почеток на сезона секојпат е најдобар скопскиот јонагол, потоа следи ресенскиот се разбира ... за мој вкус најдобра јаболко ... во фрижидерот имав и неколку јаболка од залатен делишес ... и тој е најдобар околу нова година ...
1 comment:
Секоја почит за обработката на оваа тема!
Ме интересира зошто никој не изврши анализа и предложи решение за враќање на старите сорти на овошје со кои пораснавме, а не овие денешниве? Каде е јаболкото од сортата црвен делишес? Зошто тоа јаболко го има во учебниците во основно образование а го нема по пазарите, туку го има во Тинекс увезено од аргентина за цена од 2 евра за килограм? Каде е крушата? Децава денес учат за круша, а не ја виделе и не ја вкусиле! Каде е лубеницата од „старото семе“ која беше слатка и сочна од јули до октомври и во целиот плод, а не како оваа денешнава измелезена која е најслатка во август и само во срцевината? Дињата ја измелезија со тиква и слатка е само во втората половина на август! Од грозјето само хамбург и афус-али постои??? Каде е сливата, смоквата, црешата?
Пред оваа глобализација имавме вкусни автохтони овошја... Ќе ги врати ли тие стари вкусови некој?
Каде се сите тие стручни лица што ги создаде земјоделскиот факултет?
Post a Comment