Се започна вчера. Бев во дворот на тетин Иван (мене не ми е тетин, ама им е на тие со кои бев кај него). Во дворот има две дуњи прилично големи. И другпат ми има давано дуњи. ЦАЦИ обожаваше да ги јаде. Едно од ретките овоштија што ги јадеше со сласт. И другпат имаме правено компот од дуњи. Дуњи ни даваше и чичко Лазо од старата зграда, бог да го прости и тој имаше голем овоштарник и стално ми носеше дуњи или ке ми речеше: ај дојди утре да ти дадам дуњи. Како и да е јас добив седум, осум килограми дуњи и решив пак да правам компот од дуњи.
Е сега рецепта. Рецептите ми се по некои кутии, но бидејки решив да правам компот од дуњи се послужив со интернет. Најдов повеќе рецепти. Ајде реков да прашам и интернет пријателки кои беа онлајн. Од една од нив ја добив и рецептата по која го правев компотот:
Kompot od dunja
Vrijeme pripreme 30 min
1/2 kg dunja
10-15 dag šećera
korica od limuna
1/2 l vode
Priprema
Dunje se operu, izrežu na kriške, ogule, očiste od sjemenki i kuhaju u zaslađenoj vodi sa koricom od limuna.
Kada su dunje mekane, kompot se stavi u zdjelu i ostavi se hladiti.
Kompot od dunja kuha se 20-30 minuta.
Прашав а како да ги затварам теглите, треба ли пастеризација?
Operaš tegle,,, i staviš u rernu na 50-70 C ,,,u toplo,,, da odstoje nekih15-20 min,,, ne treba mnogo,,,samo malo da se smlači staklo bakterija radi,,,
Ми се виде најпрактичен овој рецепт и решив по него да го правам компотот. Инаку некои други ме убедуваа дека компот од дуњи не се исплати да се прави и никој веќе не го прави. Но мене ми се виде носталгично да направам компот од дуњи и да ги осетам сите мириси и мали моменти на чувство дека ете пак правам компот од дуњи. Нешто што никој веќе не го прави. Инаку да, се може да се купи ама компот од дуњи нема во продавница, веројатно заради преголемата мака за толку малку производ. Тоа не може да се комерцијализира. А јас го обожавам вкусот под јазик на компотот од дуњи.
Понатака се ке биде појаснето со фотографија.

сл.2 Тетинот, добар човек инаку голем пријател на мојот тетин Милан, кој за жал почина во Канада ... некогаш заедно работеле во Словенијалес и стално го фалеше дека бил одличен организатор како негов тогашен директор ... инаку тој тетин Милан беше мајсторот кој го научи на столарскиот занает мојот татко Воислав (Војо) Димитријевиќ ...
сл.3 Од тука почнав, околу седум килограми дуњи, три лимуна заради кората и две кила шекер ...
сл.4 Прибрав теглиод шпаезот на мајками Марија и се денав да ги измијам ...
сл.5 Пронајдов и шерпи и лонци кои доооброоо ги измив ... дедоми Столе ке речеше, сине вода пере све само оној што уста погано ке каже неможе да се испере ...
сл.6 И дуњите доообро ги измив ...
сл.7 Ги очистив од дршките и скапаните делови ... веројатно заради овој дел не може сето ова да биде индустриски спремано ...
сл.8 Пастеризација со помош на килимите од мајками Марија ...
сл.9 Сето тоа добро го покрив со други килими од чејзот на мајками Марија ... до утре ке биде пастеризирано ... Целиот труд беше за седумнаесет тегли компот. Навистина малку а толку мака. Но мирисот на дуњата неможе никој да ја надокнади. Немаше толку песни да се испејат за дуњите ако тие не беа толку слатки. Затоа и има многу доза на носталгија која е испеана/опеана од многу поети а се споменува некоја ДУЊА ...
Еве уште неколку линка за компот од дуњи:
За значението на дуњата и како таа се одгледува погледнете на Гајење и производња дуње у плантажним засадима ...
No comments:
Post a Comment