Search This Blog

Sunday, October 17, 2010

АЈВАР ВО ТРИ ДЕНА ...

сл.1 За да дојдеам до оваа слика каде го пробоав мојот ајвар, ми требаше три дена ... првиот ден гп пазарував мастрафот: 35 кг пиперка ајварка, седум килограми модри патлиџани, три килограми моркови, две главици лук, две китки магдонос, две кила зејтин, малку шекер малку оцет, сол о вкус ... Се започна барајки го малово шпоре за зимица ... ќунки и слични потребштини, нивна монтања на најдолната тераса - таму најмалку дува ...


сл.2 Потоа сите шерпи, лонци и тракаташки надвор на тераса на детално миење ...
сл.3 поубаво изгледаат измиени, нели ...
сл.4 потоа темелно миење на целиот мастраф ...
сл.5 Еве доказ зошто жените се дотеруваат и шминкаат ...
сл.6 И конечно, најпрвин печење на пиперките и модриот патлиџан ...
сл.7 Потоа најдосадната работа - лупење ... останав цела ноќ да лупам ... едва само сат преспав ...
сл.8 Денеска утрово, дојде зетми да ме види и да помогне малку ... прво го затече бељата да ги мие теглите, машината за мелење ... доручкувавме, се напивме кафе и чај и се фрливме на работа ... Со зетот често на мешаат ... додедка беше мајками на Хематологија, болничарите и лекарите стално не мешаа ... зетот ја држеше првата смена рано наутро пред работа а јас доаѓав околу еден и седев во болница дур не ја видов мајками заспана касно вечер ... За жал после 6 годишна борба со болеста овојпат нашиот труд не даде резултат ... еве прилика јавно да му се заблагодарам за се што стори за мајками и женами додека беа по болници, па и дома ... помагаше цела фамилија, но ретко зет да помага толку своја баба (мајка на жената ...) ...
сл.9 Го фати и лупењето на модрите патлиџани, требало уште малку да се допечат ...
сл.10 се сварија и морковите ...
сл.11 се да си измеле ... најпрвин во шерпата го ставивме скоро целиот зејтин два литра де ... се загреја и ги ставивме модрите патлиџани и морковите - да се упрзат предходно ... ги додадовме мелените пиперки ... таму некаде при крај додадовме сол, оцет, малку шекер и сецкани две главици бел лук ...
сл.12 по скоро четири часови пржење и нон стоп мешање дојде ред да ги пуниме теглите ...
сл.13 Килимите на Мама пак завршија работа околу пастеризацијата ... испаднаа 25 тегли ...
сл.14 не постои завршеток на правење ајвар без овој дел ... со парче лепче по тенџерето ...
сл.15 На крај пак миење на се и враќање се на свое место. Познат кафанџија еднаш го прашав пто е тајната на успехот ... ми рече само еден збор ХИГИЕНА ...

На крај по три дена напорна работа, морам да кажам свое мислење зошто е толку популарно правен ајварот кај нас. Нели Америве испитуваа во што е тајната за толкава мака ... Се работи за ритуал, потоа неспорно вкусен продукт кој ја има во себе осем мастрафот и сета енергија на оние што го правеле ... секоја пиперка од секој ајвар барем десетпати поминува низ разни фази ...

1 comment:

Anonymous said...

Опасни сте за ајварот, девер и шура. Не не повикавте за помош.
Поздрав, Марга

Blog Archive

Site Meter