Search This Blog

Friday, October 08, 2010

ПРОЗОР - ДУША

ПРОЗОР - ДУША

Низ прозорот гледаме во туѓите души
во туѓите животи
Од прозорот не гледаат другите
во нашите животи
Прозорците се вратите (очи) на нашите души
Внатре влегуваат само одбраните
на нас сличните

Гледам низ нови прозори
низ нив гледав пред многу години
премногу,
страв ми е да кажам колку
Гледам души кои тука ги оставив пред Многу години ...

Гледам жена наутро како низ прозорот
ги проветрува нивните души
оние кои преспале внатре
секоја прашинка ја исфрла низ прозорот
се прашувам останува ли нешто внатре
дали е добро херметички да се исчисти просторот
така душите ке останат голи празни, но чисти ...

На крај дојде ред на прозорот
го чистеше половина час
секоја прашинка која беше на него ја снема
го исчисти, го стерилизира
Дали е тоа добро ?
Со прашината ке отидат и мирисите
од просторот на душите,
таму каде тие преспале
Дали така не се празнат душите
стерилизираат
стануваат мртви ...



Што е со спомените, можат ли тие да се исчистат
и фрлат низ прозорот
веројатно не, барем не така лесно ...
 
Си мислам со таква добра мајка
синот неможе да си најде жена
не му е потребна, има предобра мајка
неможе да најде равна на нејзе …

Си мислам со таква добра мајка
синот неможе да си најде жена
не му е потребна има предобра мајка
неможе да најде равна на нејзе ...

Мајки, не ги чистите толку детално
внатрешноста на душите
на вашите синови
Оставите во нив да влезе друга душа
да ги облагороди ...

Посветено на комшивката која толку многу се грижи за своите прозорци и својот дом, својот син ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter