1. Сардели од мојата тераса
Сарделите на мојата тераса дојдоа како наследство од терасата на мајками. Сарделите се можеби најраспространето саксијско домашно цвеќе на нашите подрачја. Бабами во кумановско ги викаше Сардонти. Во Србија популарно ги викаат Мушкатли а кај комшиите Бугари познати се како Здравецови. Англискот назив им е Geraniaceae. Бараат доста вода, не се пребирливи во однос на квалитетот на земјата, сакаат доста светли простории, иако приметувам дека подобро успеваат на површини кои не се предолго на прејака сончева светлост. Многу македонски тераси, прозорци и дворови се со повеќето прекрасни видови кои бујно и долго цветаат во различни бои. Повеќе »..... moor ».....
Од интернтет прочитав дека Сарделите сочинуваат фамилија на цветни растенија означена со името Geraniaceae. ... Постојат околу 800 видови во фамилијата кои се распоредени во 7 до 10 родови, според податоците на Кралските ботанички градини. Најбројни родови се Geranium (со 430 вида), Pelargonium (со 280 вида) и Erodium (со 80 вида). ... Повеќето видови се наоѓаат во умерените или топлоумерените региони, иако некои се тропски. Центарот на распространување на родот Pelargonium е во Кепскиот регион во Јужноафриканската Република, ...
2. Мојата тераса, која беше омилено место на женами - пријатно катче каде често го пиевме утринското кафе.
3.
4.
5.
6.
7.
8. Ова се разбира не е Сардела. Лимун кој истотака заедно со долните две саксии (незнам како се вика ова цвеќе) истотака е донесено од тераста на мајками.
9. Не, ова не е моја тераса/прозорец но прекрасна е ...
No comments:
Post a Comment