Во изминатите четири години власта најуспешно се бавеше сама со себе, во процес каде се се подредува на рејтинг на партијата на власт и особено рејтинг на лидерот на партијата на власт. Секојдневно ни правеше пресија како ете они работат за нашата добробит 24/7, ама ете тешко им оди со економските процеси бидејки ненадејно зафати светската економска криза која нели е крива за се. САМО ШТО НЕ НИ ТРГНАЛО е пораката која се почесто ја слушаме. Власта во последно време се фали со податоци за економијата која сама ги фабркува. Заради лажните податоци кои ги фабрикуваше бившата Влада во Грција – сега не само Грција туку цела ЕУ е во проблем. Е да, падна Владата во Грција која фабрикуваше лажни податоци. Фабрикува ли економски податоци нашата власт ??
- На почетокот кога оваа власт дојде веднаш се зафати со остварување на програмата од сто чекори, сега надградена и проширена. Првите чекори беа да се измени празнувањето на државните празници. Во согласност со тогашната коалиција во која имаше и левичари Владата скрати некои од празниците но додаде нови. Станавме земја која има највеќе државни празници. Што се однесува до новите празници Владата експресно ги спроведе сите ветувања
- Ги оствари скоро сите ветување на подигање на споменици и спомнобележја за заслужните Македонци особено, оние од периодот на ВМРО. Музејот на МК борба е скоро готов сосе воштените фигури кои пристигнаа, спомениците на плоштадот се во завршна фаза – сосе оние ветените на мостот око и лавовите на мостот пред владата, тие не се загрозени со последниот ребаланс.
- Започна – но не успеа да ја спроведе лустрацијата.
- Се зацврсти на сите позиции на власта осем во Уставниот суд, кој остана сеушете надвор од контрола на сегашната власт.
- Спроведе процес на партизација на државната администрацијата сосе онаа во јавниот сектор. Најголема додатна ставка во буџетот осем новата рамковна администрација – стана “договорната администрација“ која сега се обидува да ја легализира. Бројката на новите вакви административци се шпекулира дека е меѓу пет и десет иљади.
- Се зафати со странските инвестиции како приоритет во економијата. Ја дозагради зоната Бунарџик, доинвестира во инфраструктурата. Вработи дваица Министри во Владата задочжени за странски инвестиции, формира неколку владини агенции кои се бават со проблематиката на привлекување на странски инвестиции. Почна агресивна кампања по светот за привлекување на инвеститори – INVEST IN MACEDONIJA. Во повеќето амбасади прати десетици промотори, а амбасадорите се оценуваат по бројот на остварените контакти со потенцијалните инвеститори. И самите челници на власта преку неколку таканаречени Роуд шоуа се обиде да привлече нови странски инвеститори. Успехот е само со подпишани неколку писма за намери. Само дваица посериозни инвеститори во зоната Бунарџик – иако скоро во секој град се оформија слободни економски зони. Оценката е дека и покрај големата работа Македонија не успеа да привлече странски инвеститори. Зошто ?. Веројатно затоа што странски инвеститори не доаѓаат во земји кои се политички нестабилни …
- Власта туркаше реформи во просветата. Воведе процес на задолжително средно образование, воведе странски јазик дури до предшколските установи, оформи нови факултети и универзитети. За жал се обиде со факултети во помалите градови што е грешка под инерција на даденото ветување. Спроведе компјутеризација во школството, оспорувана во однос на потрошените средства и резултатите од неа, особено поради неподготвеноста на наставниците да ја применуваат компјутеризацијата. На двапати неуспешно се обиде да ја внесе веропуката во редовниот школски систем, почнувајки од основното образование. Знаењето е сила знаењето е моќ е девизата во образовните реформи. Мојата оценка е дека копјутеризацијата е исправна реформа … но веропуката во редовниот школски систем е грешка. Местото на веропуката е во верските објекти.
- Власта силно туркаше реформи во здравството. Најпрвин ги исчисти сите долгови од здравството. Спроведе децентрализација – но поради недостаток на пари здравството во последно време повторно се врати на лошите стартни позиции. Реформите не успјаа. Во здравствениот систем се лечат се помалку болни. Здравството има пари само за плати на вработените во здравството.
- Во социјалата ниедна Влада до сега не успеа и покрај релативно големиот буџет. Главната причина е што има премногу кандидати за социјална помош наспрема расположивите средства. Срамно мала е помошта која се доделува на социјалците. Но и тие мали средства во неколку изминати месеци се недостапни за корисниците и каснат по неколку месеци. Секојпат најпрвин се кине кај најсиромашните – нормално таму е најтенко.
- Во економијата наизглед се беше во ред додека Владата беше на слатки маки и буџетот се преполнуваше. Со ребалнасите се трошеа пари за непродуктивни проекти. Под притисок на еконосмката криза и лошите менаџерски потези во Владата, буџетот веќе втора година по ред е со потреба од негово намалување, поради помалите приливи. Полека умира магарето-стопанството кое упорно го учевме да не јаде. Малото стопанство е во колапс. Големото е во криза. Само банките профитираат.
- Вети дека пензионерите нема да останат без пензиите и дека нема да се намалуваат пензиите иако сме во кризни години – нормално таму се респектибилен број на гласачи кои секојпат излегуваат на избори.
- Судството иако е во постојана демек реформа – резултира со се поголема негова партизација и е најкритикувана област.
- Процесот на Евроатланските интеграции е неуспешен. Нема напредок ниту во НАТО ниту во ЕУ интегративните процеси. Нема или не се даваат други алтернативи.
- Во земјоделието наизглед има добри резултати. Таму имаме процес на големо зголемување на субвенциите.
- Како никојпат зголемени и забрзани се процесите во Културата, сосе парите во културата.
- Власта трошејки државни пари од буџетот преку рекламните кампањи успеа да направи нов процес на таканаречена Фабрика 3 во новинарството. Власта јавно повикува да не веруваме во весниците и телевизиите кои не се под нивна контрола или сеедно кои не пишуваат по воља на власта.
- Власта неколкукратно ги зголемени парите за полицијата и особено загрижува давањето на правото неконтролирано следење на комуникациите на граѓаните.
- Секој остана да работи во своето „трло“ – нема взаемни договори за крупните национални прашања. За државата или за парите се работи ?!
- Државен социјализам или транзициска беда
1 comment:
Kako prvo,treba kaj pogolemite drzavi da "trgne" pa duuuuuuri posle kaj pomalite,kako nasava ..... ili po tvoe nie sme motorot na svetskata ekonomija,pa site cekaat na nas a ova "antickive" za k*r ne gi biva ..... ehhhhh da bese "opozicijava" na vlast sto ekonomija ke imavme eeeej kaj ke ni bese krajot ...baska grcive ke ni bea najbolju drugari,abe beter od braka .... sekako blagodarni za "komprimisot" ....
Post a Comment