Ова е сликано во Музеј на Македонија кеде се продаваат реплики на вредни и позначајни археолошки артефакти пронајдени на тлото на Македонија
Повеќе »..... moor ».....
Повеќе »..... moor ».....
Како што лесно можете да приметите еден од копиите на артефактите кои ги произведува и продава Музеј на Македонија е и мала бронзена фигура на Менада.
Зголемен детал од горната слика.
Oваа копија на Менада одоко изгледа дека е идентична како Менадата која ја пронајдоа и ја запленија во операцијата Фалнга. Не само полицајците туку и некои од експертите со докторски титули тврдат дека ова е втор оригинален примерок на Менада пронајден на тлото на Македонија.
- Со вештачењето на предметите ќе раководи д-р Звонимир Николовски, кој вчера не ја криеше одушевеноста од предметите на кои ќе работи, според негова проценка, наредниве две недели, а поради обемноста на материјалот можеби и еден месец. Николовски посочи два артефакта, кои особено го привлекуваат вниманието - фигура на Менада и фигура на стилизиран кентавр, кој предходно го видел само еднаш - во еден од каталозите на угледната британска аукциска куќа „Сотби“.
Прашањето кое лебди во воздух е дали оваа фигурина која е пронајдена во акцијата Фаланга е спектакуларно најавувана како втор оригинал на Менада на Македонска почва или е само една од копиите изработена во работилницата на Музеј на Македонија која таму се продава за 2150.00 ден.
- Менада... 6. век пред н.е. 11х8 cm. Бронзена статуетка од 6 век пред н.е., најдена во една засведена ѕидана гробница во Тетово.
- Тетовска Менада ... Во 1933 г. блиску местото наречено Балезова Чешма, е пронајдена статуа од бронза од периодот на Илирите, VI век п.н.е., што представува нај стар археолошки пронајдок, најден во Тетовската околија. Статуата е со димензии 9 см, долга и 4 см широка, и се наоѓа во Скопскиот музеј.
- Детали за производот - Менада ...
- Менада
- Maenad, female companion of the god Dionysus. 6th century BC ... Price: $245 $185
Истражував малку по интернет што е Менада – Maenad, каде е пронајдена. Најпрвин испадна дека во Македонија до сега има две пронајдени фигури на Менада, едната во Тетово (Тетово во својот амблем ја има фигурината на Менада) и уште една во Жданец Скопско. Менада вообичаено се поврзува со баханалски игри, каде грчките богови ги забавува згодната и еротски привлечна танчерка Менада. Не се променил светот од предисторијата до денес. И денес во современиот свет Менади во слични форми сеуште ги забавуваат богатите и моќните. На помош секојпат се повикувало и виното. Еве некои од поинтересантните линкови за Менада:
- Затрупана кнежевската гробница на тетовската Менада ... Малата бронзена статуетка, наречена "Менада", популарниот амблем на повеќе институции, хорови, здруженија и списанија во Тетово и во Македонија, вградена и во грбот на општина Тетово, била пронајдена во кнежевска гробница на племето Агрибијани во 1932 година. Ахајската гробница во Тетово како совршено архитектонско дело и единствено од тоа време во целата земја, остана нецелосно истражена. Искршена и затрупана таа денес не е достапна ниту на јавноста ниту на науката. Сега над неа е изградена куќа. Овој археолошки раритет ќе остане загатка за науката, која ја збунува фактот што толку рано била формирана регионалната политичка власт со која кнезовите во Полог им гарантирале безбедност на трговците и мајсторите од далечните земји и набавувале скапа луксузна опрема од тогашните светски метрополи. ... ... Статуетката носи лик на танчарка што учествувала на Ионизијадите - најголемите прослави во елинскиот свет во чест на Дионис, тракиско и грчко божество на виното, на новата вегетација и на будењето на пролетта. На крајот од 19 век сопственикот на местото каде што се наоѓала кнежевската гробница, во сегашната градска населба Горна чаршија, копајќи темели за новата куќа, го пробил сводот на гробницата, ги собрал погребните дарови и ги продал во Цариград. Неговиот внук, во 1932 година, повторно ја откопал гробницата, пробивајќи го дури и подот со надеж дека таму ќе најде скриено богатство. Во комората нашол само парчиња од бронзен шлем и мала статуа на Менада која игра. Статуата од нецели 10 см, била налемена со калај како украс на рачката на широк бронзен украсен котел за мешање вино со вода, кој се употребувал во ритуалните обреди. Тоа е денес славната Тетовска менада. Според стилските особености таа е дел на некој грчки вешт мајстор од Тиринт, сегашна јужна Италија. ... .... Како што вели Велимир Цветановски, директор на Музејот на тетовскиот крај, нејзината изработка, според најновите научни сознанија датира од петтиот век пред нашата ера, поточно од 420 до 380г. пред нашата ера. "Менадата сепак е донесена на овој простор, таа не кореспондира со животот на тогашниот Полог, туку многу повеќе укажува на бујната и жива комуникација и на блиските културни врски на овој дел на територијата на денешна Македонија, со цивилизациите на Медитеранот, со античката македонска држава, со културата на тогашните грчки полиси и со југот на Италија", објаснува Цветановски. ... .... Во Македонија биле пронајдени само две вакви менади, од кои првата во гробница во Жданец, скопско. Монументалната кнежевска гробница во Тетово со овој уникатен раритет е само еден од малкуте откриени бисери на археологијата, ...
- Менаде (грч. Μαινάδες) су у грчкој митологији помамне и махните пратиље бога ДионисаБахуса. ... ... ... Менаде си постојале у митологији, али и у стварности. Оне стварне, по примеру својих митолошких именакиња, окупљале су се на свечаностима у част бога Диониса и правиле изгреде, који су се готово увек завршавали ноћним оргијама. Због свега тога, сенат је, 186. године пре нове ере морао забранити њихово окупљање. ... ... ... Менаде су биле познате као помамне жене, дивље и луде, које се нису дале уразумити. Дионисијева личност и његов мистериозни лик су непрестано инспирирали и потстицали жене на екцентрично лудило - обе су се упуштале у насиље, секс и осакаћивање. ... ... ... Менаде су, када их није хтео погледати, убиле Орфеја јер је туговао три године за својом Еуридиком, његова глава и милозвучна лира завршиле су на отоку Лезбосу који је познат по великим грчким лирским песницима - .
- Од кој антички локалитет е Phallus-ов ?! :) ... Дали збирката на крстови на Трифун Костовски е легална ?!
- Македонската Архео Мафија под удар на полициска акција ...
No comments:
Post a Comment