Но да се вратам на темата. Сегашните транзициони реформатори во здравството забележале драстичен скок на издатоци во две области: доделување на инвалидски колички и распределба на пелени за возрасни. Што треба оние кои користат колички да направат - да оздрават преку ноќ, за да не ја трошат реформаторскава Влада. Знае ли некој како изгледа личност која е приморана да користи инвалидска количка - како е чувството на беспомошноста кога си оставен на милост на твоите, кои се што имаат даваат за тебе да ти биде полесно, поприфатливо. Да го живееш животот малку подостоинствено иако си осуден од господ остатокот од животот да го поминеш во количка. Прошетале ли надлежните по болниците во клинички центар да ја согледаат состојбата со какви колички се возат/транспортираат билните од клиника во клиника заради интерклинички прегледи ?! Да прошетале немаше да излегуваат со срамна констатација дека инвалидите го рушат здравствениот динар. СРАМОТА. Количка просечна кошта 200 евра. Во блиското минато имав потреба за користење на колички во две болници во Клинички центар Скопје. Болните ги возев на музејски експонати стари и до 30 години, дел од нив немаа ни гуми се возат на бандаши. СРАМОТА. Наместо да се појде од зграда до зграда, кај од и оние кои немаат услови за пристап за луѓе во инвалидски колички и да се изрекуваат краконски казни т.е. да се унапредува проблемот - администрацијата во здравството дига прашина - многу пари се потрошило за намена на издавање на нови инвалидски колички. СРАМОТА и ГРЕОТА. Луѓето кои користат инвалитски колички се најранивата група - зарем треба да се гази и по нивното достоинство.
Уште поголема срамота е да се каже дека ое огромно зголемени трошоците за пелени за возрасни. Да Ве подсетам тоа се пелени кои се предвидени повторно за тешките инвалиди кои неможат да станат од креветот да одат во ВЕ-ЦЕ, или го изгубиле осетот кога доаѓа нагонот за празнење на цревата. Бидејки и тука имав искуство во две болници - Ве информирам дека болните сами си купуваа пелени. Едно паковање кошта цирка 700 денари. И што треба сега да направат овие болни кои имаат потреба од пелени. Со опреоштење да престанат да се*рат. СРАМОТА и ГРЕОТА.
Е да, криминал имало и во издавање на боледувања и тука пораснале трошковите.
No comments:
Post a Comment