Имено граѓаните се пред избор или да изберат домар т.е. управител кој за договорен надомест ке ја работи работата на досегашните Куќни совети. Државата предвидела лицата што сакаат да се бават со дејноста на домари да мора да се лиценцираат и да платат за лиценцата (150 евра за три години) . Тоа индиректно значи дека станарите ке мора да го платат тој трошок. Можат и сами да ја вршат дејноста но мора да се регистрираат во Централниот регистар како правно лице, што пак прави нови трошкови за водење на книговодство и слични трошоци.
Сето тоа е подкрепено со високи казни/глоби за оние кои не се придржуваат кон овој закон.
- Секоја станар кој ненавремено ке избере/определи домар или не се пререгистрира во Централниот регистар е под закана од 300 евра глогба или пак редовно не ги подмирува обврските за тековно и инвестиционо одржување на станбената зграда. Иста казна ќе му следи и на оној којшто нема да уплаќа во резервниот фонд.
- Член 126 од Законот за домување:
Глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за
прекршок на сопственик на стан или деловен простор во станбена зграда односно
закуподавач, ако:
1. не донесе план за одржување на станбената зграда (член 12);
2. не определи управител или не регистрира заедница на сопственици од
членовите 18 став 4 и 54 став 1 на овој закон;
3. редовно и навремено не ги плаќа надоместоците за одржување или други
видови надоместоци (член 28);
4. не плаќа месечно трошоци за управување и уплати во резервниот фонд
(членови 47 и 62 став 1);
5. издаде или користи стан или дел од стан во закуп или подзакуп без склучен
договор за закуп (член 66 ставови 1, 2 и 3);
6. постапи спротивно на членот 66 став 4 од овој закон и
7. не достави примерок од договорот за закуп до органот на управата надлежен
за работите на јавните приходи и до надлежната служба во општината (член 70
став 4).
- Лифтовите ке доживеат струен удар – Колку убави реформи, кој ги смисли „алал да му е“.
- Плати струја за да имаш лифт
- Куќните совети мора да станат фирми ...
- Високи казни за згради без домар или управител ...
- За секоја зграда по еден директор ...
- Се укинуваат куќните совети, се воведува нова функција ...
- Куќните совети не брзаат да се пријават во Регистар ...
- Домарите нов трошок на станарите ...
- Станарите на оглас ќе бараат управител на зградите ... Цената за управителот на зградата ќе се движи од 0,5 до 1 денар од квадратен метар месечно ...
No comments:
Post a Comment