Search This Blog

Wednesday, June 16, 2010

Македонија оди во погрешна насока

Македонија оди во погрешна насока. Ова е главната порака до власта од последната анкета на ИРИ, која ги налути ВмроДпмне бидејки првпат Груевски има помал рејтинг од Партијата ВмроДпмне. Груевски има подршка од 21 процент а ВмроДпмне 29. Институтот на ВмроДпмне изтрча со симулација дека ако утре се гласа према оваа анкета ВмроДпмне ке има 61 пратеник а СДСМ 30.              Повеќе »..... moor ».....



Зошто падна толку многу подршката која досега ја имаше Груевски и секојпат беше поголема од подршката кон партијата ВмроДпмне. Карактеристично е дека ниеден медиум кој го подржува ВмроДпмне не објавија каква е подршката кон лидерите - ниту  пак објавија каква е состојбата на оние кои нема да гласаат за никого т.е. никого не подржуваат. Јасно е дека нивниот број е над 50 проценти што е пораз за партијата на власт и за опозицијата секако.

Ова последново значи дека никојпат не било подобро време за нов политички субјект на МК политичка сцена од сегашниот, кога повеќе од 50 насто од гласачкото тело не подржува ниеден постојан политички субјект. Но новиот политички субјект неможе да се оформи од стари и ислужени/отфрлени политички кадри на постојните партии. Мора да се роди сосема нов политички субјект со нови и неистрошени политичари. Дали е тоа возможно ке видиме. По мене е невозможно бидејки за формирање на партија треба многу пари. Од досегапните анализи се покажа дека нашите сегашни политички партии се формираа со подршка или на дијаспората или на странските и домашните тајни служби или пак со подршка на најголемиот политички субјект кој моментално владее и е со намена да се расцепка противничкиот партиски блок.

Најголем удар анкетарите на ИРИ искажуваат кон погрешниот правец во кој се двиши Македонија во економијскиот сектор. Јасна е анкетата дека повеќе од 50 проценти од анкетираните велат дека Македонија се движи во погрешен економски смер. Ова е шамар за економската политика на Груевски која осем на тврдиот национализам досега се потпираше и на големте еконосмки ветувања дадени со преродбеничките ветувања. Пред се во лошите скоро никакви резултати во полето на странски инвестиции и намалувањето на севкупните економските показатели.
  1. Збунувачки пораки од анкетата на ИРИ ... ... Анкетата покажува дека граѓаните немаат доверба во политичките партии ... ... премиерот го бележи својот најнизок рејтинг (21), неговата ВМРО-ДПМНЕ, на пример, ужива поголема доверба (29), иако половина од испитаниците (49 насто) сметаат дека Македонија оди во погрешна насока.... ...  зошто воопшто не се спомнува бројот на оние што не би гласале или, пак, не го соопштуваат својот став ако се знае дека во една минатонеделна анкета овие проценти беа исклучително високи, дури над 50 насто
  2. Економијата го „јаде“ Груевски ... ...  На граѓаните не им е важно дали станува збор за светска економска криза, туку вината за нивната лоша економска ситуација ја лоцираат на микрониво или кај носителите на економската политика - Владата и премиерот Никола Груевски. Ситуацијата реално е полоша од резултатите во анкетите, па оттука и оценките дека Македонија се движи во погрешна насока, а Владата нема план за излез од економската криза, што директно се рефлектира и врз рејтингот на Груевски ... .... Дури 46 отсто од анкетираните сметаат дека Македонија е движи во погрешна насока. Наспроти ова, рејтингот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ останува и натаму ист,м на високите 29 отсто. Првпат речиси половина од испитаниците, односно 49 отсто, се со став дека премиерот не заслужува реизбор на функцијата.
  3. Симулација на „Павел Шатев“ за анкетата на ИРИ ... ... Ако во 2008та коалицијата предводена од ВМРО – ДПМНЕ освои 63 пратенички места, тогаш според последните анализи, доколку утре се одржат избори, истата коалиција би забележала пад за две пратенички места. Коалицијата предводена од СДСМ, која во 2008та освои 27 пратеници, според анализата на Павел Шатев, ако утре гласаат граганите, би добиле три пратеника повеќе. ... ... ако утре има избори четири пратенички места би освоиле и иостанатите политички партии кои во овој собраниски соства немаат претставник во македонското собрание.
  4. Останати линкови поврзани со темата ... 

No comments:

Blog Archive

Site Meter