Нарачателот на Триумфалната порта во Париз заврши на Корзика - на морето до крајот на животот гледаше низ мало прозорче. Нарачателот на триумфалната порта во Берлин незнам како заврши. Нарачателот кој го ангажира Шпер (Силно ме интересира кој е нашиот Шпер, Паско да не е, а - знае некој ?) да направи од престолнината на Рајхот место од сонот се самоуни бо својот бункер ... Како ке заврши нашиот нарачател на нашата триумфална порта, ке видиме ке читаме во историјата. Па нели секоја година за нас е историска.
- Триумфалната Порта била изградена по наредба на Наполеон Бонапарта во чест на сите француски војници, посебно на тие што загинале за време на Наполеоновите војни. На неа се испишани сите имиња на француските генерали кои загинале во тие војни. Внатре под самата порта се наоѓа гробот на незнајниот јунак од Првата светска војна.
- Се подготвува теренот за триумфалната порта
- Триумфирање на власта … Чуму дебата за нешто што е веќе започнато со реализација
- За вкусевите/невкусовите не се дискутира, но … соновите на Груевски коштаат бајаги
- Како мали Ѓокица го замислува центарот на Скопје
Ете и во минатото Скопје имало триумфална порта, направена е специјално за низ неа да помине турскиот Султан (фала богу по толку века и ние свои Султани си имаме ...), во годината кога тој решил да се прошета по денешната Улица Македонија - тогаш портата и улицата веројатно се именувала по Султанот ... По таа логика на нашата порта онаа триумфалната која директно ке оди до Црквата на Свети Никола (во изградба, вистина уште не почнала ама ке ја биде ...), улицата која ке води под неа ке мора да ја именуваме по нарачателот на нашата триумфална порта ... кога ли го сони овој сон (за портата де)?
No comments:
Post a Comment