Прочачав малку по интернет за поимањето на четириесетте дена од нечија смрт.
- Црквата не учи дека по четириесет дена од воскрснувањето - Христос се вознесува во небесата и оди кај Господ - Светиот отец ... Спасовден
- Вознесение Христово - Четириесет дена по Воскресението, Спасителот го остварува она што го вети од почетокот. Се врати при Својот Отец за да Го испрати при учениците Духот на Вистината.
- Кај Словените постојат разни верувања/митологии кои се случуваат пред и на четириесетиот ден по нечија смрт:- Старите Словени верувале дека душата по смртта заминува на оној/ друг свет или на месечината каде е нивното претстојувалиште.
- Душата според старите верувања излегувала низ устата ...
- Душата го напушата телото при смртта и останува самостојно да егзистира.
- Во домот во кој починала некоја личност веднаш се отворале прозорците и вратите, на душата да & се олесни излегувањето од домот.
- На огледалата се префрлало платно од страв душата да не заскита во него, доколку заскита во огледалото таа не може да се врати.
- Душата можела да влезе и во водата според некои верувања, па затоа сета затекната вода во домот на починатиот се исфрлала надвор.
- Сеуште постои длабоко верување дека душата по смртта скита околу домот уште четириесет дена, сè уште силно поврзана со семејството и домот.
- Во домот на починатиот се оставал подотворен прозорец четириесет дена, за душата полесно да влегува и излегува.
- На местото каде што починал човекот или каде што лежело неговото тело четириесет дена се палело кандило, се оставала вода, вино, леб, шеќерни бонбони или нешто од храната што покојникот особено го сакал, некаде неговата облека се чувала на столицата каде што седел или под креветот или масата на која лежел.
- Сега кандило се пали во месната цркава - заедно со кило пченица која потоа се вари и се раздава на четриеисетиот ден кога се прави помен на гробот на починатиот.
- Се верувало дека душата останува на земјата година дена, сè додека телото не се распадне, за време на ручеците кои се приредувале за душата на покојникот останувал празен стол и чинија полна со храна за душата на покојникот.
- Надгробниот споменик се поставува во тек на првата година од смртта на покојниот, бидејќи тој треба да претставува нов дом за душата.
- И кај Јужните Словени постоело верување дека душата на починатиот може да се пресели во новороденче, се верувало дека детето во кое навлегла душата на некој покојник може да има век колку и тој. Душата на еден човек можела само трипати да оживее во ново тело. Се верувало дека душата може да влезе во пеперутка или некое бело животно (мачка, јагне, пес и др.) и дека во тој облик може да го посетува или да остане во домот, бидејќи постоело верување дека некои души не можат лесно да се оделат од своите блиски. - Душа у религији ... Хришћанство уобичајено заступа дихотомију у погледу људске природе: душа (дух) је добра, бесмртна и учествовује у спасењу, а тело је зло, смртно и искључено из спасења. Људске душе након смрти иду у рај, пакао или чистилиште. ... .... Човек се, према учењу Светог писма, састоји из тела и душе (Пост. 2,7 ; Мт. 10,28), која оживљава тело, надахњује га. Зато душу у Библији често називају дахом живота, духом живота или духом. Душа не потиче од тела, већ представља посебну снагу, која има свој извор у Богу.
No comments:
Post a Comment