Search This Blog

Tuesday, June 29, 2010

Груевски и Црвенковски си го измерија на улица (рејтингот де) ...

http://t0.gstatic.com/images?q=tbn:a9ZwK9A-9a4_bM:http://img253.imageshack.us/img253/2033/32093365qo6.jpg http://media.a1.com.mk/media/vesti200/sdsm-logo.jpg 
Груевски и Црвенковски си го измерија на улица (рејтингот де) ...
„По-држувачите“ на Груевски рекоа дека на Груевски му бил најголем (митингот де) во историјата на митунгувањата во Македонија, биле преку 50.000. „По-држувачите“ на Црвенковски рекоа дека лажат „По-држувачите“ на Груевски - на митингот на Груевски едвај можело да има 10.000. На Груевски му го мереа и премеруваа со помош на Гоогле играчките (митингот де). Покасно ке едитирам линкови за горните мерења, а ако сум згрешил во бројките се извинувам.

„По-држувачите“ на Црвенковски рекоа дега на Црвенковски му бил најголем (митингот де). Имало скоро 40.000 граѓани, некои велеа дека биле 50.000. „По-држувачите“ на Груевски велат - лажете, на Црвеновски му е далеку помал од оној на Груевски (митингот де). Имало само 8.000 луѓе. И тие мереа и премеруваа со Гоогле играчките и докажуваа дека на Црвенковски неможе да му биде толку голем колку што велат „По-држувачите“ на Црвенковски.

Колку им се големи на Груевски и Црвенковски знаат само оние кои беа на митинзите. Колку им се пак големи приватните конта никој не испитува - тоа си го знаат само тие. Но граѓаните знаат дека и двицата се што ветија излажаа. Кога се на власт си го товарат само своето магаре а ветувањата - кој ги памепи. Еве утре пак да има избори - сите ке се обидуваат да докажат чив е поголем (рејтингот де) и ке гласаат повторно за еден од нив. Трет нема.

No comments:

Blog Archive

Site Meter