Дека доброто вршење на портпаролска работа значи дека може да напреддуваш во службата – докажа примерот на Боцевски кој иако без партијска книшка стана заменик Премиер. Ептен си го биваше во портпаролската работа, башка и бивш блогер. Некаде пукна тиквата, сега Боцевски е опозиција на истата Влада која стопати ја фалеше и ја вадеше од политичката кал, вешто бирајки ги зборовите. Најнов пример за Портпарол кој несака веќе да лаже е оставката (отказот) на Портпаролот во Министерството за здравство. Забарите изгледа не се добри лажговци.
- Портпаролот на Фондот за здравство не сака веќе да лаже. „Не сакам да бидам дел од овој тим, од оваа погубна политика и систем, кој откако фрли милиони евра по маркетинг-кампањи за стимулација на потомството, го стави Фондот во ситуација да не може со месеци да ги исплати породилните боледувања, а да не зборуваме за другите боледувања“ … … Сите реформски одлуки што го доведоа здравството до ова дереџе, според Гацов, се донесени и се спроведени со директен диктат на Никола Груевски и на Мартин Протуѓер.
No comments:
Post a Comment