Македонија е сеуште црна дупка не само на Балканот, туку и во Европа во смисла на презентирање и откривање на сопственото културно наследство - ова во денишниот напис на Утрински Доцноантички шлемови откриени на Таор го вели Магистер археолог Кире Ристов долгогодишен раководител на архео истражувањата во Таор, место за кое МК археологија предпоставува дека е можниот лохалитет на сеуште неубицираниот град Јустинијана Прима, град кој према историските извори како благодарност према крајот од кој потекнува го изградил Јустинијан I. Повеќе ».....
- ТАОР - Тауресиум ... Јустинијан I ... Чајот на Теодора
- Јустинијан Први - Македонски бренд
- Јустинијана Прима
- Јустинијана Прима - во Скопје
- Јустинијана Прима е изградена како историски монумент
- Таор бил привремено седиште на архиепископијата Јустинијана Прима
- Јустинијана Прима кај Чучер - Сандево? ... Македонските стручњаци со спротивставени мислења: според Виктор Лилќиќ досега единствен локалитет на кој може да биде Јустинијана Прима во околината на Скопје е Давина Кула, а според Иван Микулчиќ таа е на Калето... ...
- Дали Царичин град е родниот град на Јустинијан
- По трагите на ,,Изгубениот град - Iustiniana Prima ” ?
- Српски НИН тврди: Јустинијан е нивни
- Доцноантички шлемови откриени на Таор ...
- Разговор со Кире Ристов – денес стартува ископувањето на локалитетот Таор
- http://taurisium.com/index.html ... ... “...Некаде во подрачјето на европските Дарданци, кои живееат зад границите на Епидамнијците, во непосредна близина на кастелот наречен Бадеријана (денешното село Бадер), беше село по име Таврисиј (денешен Таор). Тука е роден царот Јустинијан, основачот на светското царство. ... .... Крај него изгради убав град и го нарече Јустинијана Прима, оддолжувајќи се на тој начин на својата родителка...”
Здојади непознавањето на нашите новинари кога известуваат за одредени археолошки истражувања и достигнувања. Деновиве нашите новинари упорно тврдат дека Јустинијана Прима е родниот град на Јустинијан I.(Петрус Сабатиус бил роден во малото село Тауресиум, денешно село Таор во византиската префектура Илирик, во близина на Скупи (денешно Скопје), веројатно на 11 мај 483 год. од Вигилантија, сестрата на генералот Јустин, кој подоцна ќе стане византиски император Јустин I. Јустин I го посвоил и го зел кај себе во Константинопол, обезбедувајки му солидно образование, особено од областа на правото, теологијата и историјата.) ... ...
Толку за новинарите кои не научија ни да гуглаат. Постот само потенцира нешто што е за запрепастување Македонија никојпат толку многу не вложувала во археологијата и археолошките истражувања - но стар факт е дека МК археолози не ги објавуваат резултатите од своите истражувања, особено не на англиски и не во соодветни места каде за архео достигнувањата ке дознае светската стручна и научна јавност - за да се валоризираат резултатите од ископувањата. Со ваква несодветна практика која произлегува од нашите законски прописи кои важат за архео ископувањата, се нанесува голема штета по МК археологија и пошироко МК култура и историја, која (МК археологија) станува црна археолошка дупка на балканот. Пари за архео истражувања се даваат како никојпат, но резултати во форма на стручни публикации нема. Ке го смени ли ниекој ова.
- “ЈАЛОВА АРХЕОЛОГИЈА “... Нов современ пристап во ареолошките истражувања ...
- Како убив артефакт – Непубликување на наодите, болна точка на македонската археологија
54. ТАОР - СКОПСКО од Годишна археолошка изложба 2009-та ...
55.
37. Таор - Скопско
38. Таор - Скопско
No comments:
Post a Comment