Осем детството кое затоа е најубавиот период во животот, животот се претвара во исполнување/завршување на обврски, поврзани со твојот живот, животот на твоите блиски, фамилијата, околината, општеството … Убавите нешта (
среќата) се секојпат кратки, често не ги приметуваме, се случуваат но можат да не одминат ако во тој момент не сме свесни за нив.
Затоа трудите се секој момент на случување на убавите нешта да не ве одмине, забележите ги.
Повеќе ».....
Забележите ги:
- убавиот сон
- мирното утро
- првото утринско кафе
- будењето на вашето дете, жена/маж
- насмевките
- изгрејсонцето
- првите цветови на вашите цвеќиња
- трепетот на вашето милениче кое очекува да го погалите, да му пружите внимание
- добродушното здраво на вашиот комшија/комшивка
- џагорот на птиците
- мирисот на природата
- џагор на деца кои одат во школо
- краткиот муабет со комшијата/колегата
- избилк на среќа во окото на саканиот – искрата
- платената сметка
- убавиот ручек
- омилената книга, филм, списание, театарска представа, музика, интернет сајт …
- сеќавањето на поминати моменти на среќа
- тивко квечерие на веранда/тераса/парк
- секс
Толку многу убави нешта секојдневно се случуваат околу Вас/Нас а најчесто поминуваат без да ги приметиме. Така губиме од нешто што е најдрагоцено во животот. Моментот на среќата секојпат е краток, редок но ако сакаме да го приметиме ги има секојдневно, во различни форми. Ако успееме да ги перцепираме убавите нешта ке го исполниме животот околу нас со нова среќа. Среќата е чесо заразна. За да си среќен не е потребно да си материјално богат. Богатството на духот/душата е она што ти треба.
No comments:
Post a Comment