Пошто скоро 20 години во транзицијава не можеме да најдеме добра домашна Влада, а еве и последнава Влада признава неколку пати дека не ја бива – нема домашни решенија за своите добри намери (стоте чекори и преродбата) па бара под закуп странци за:
Повеќе »..... moor ».....
- Директор на МК телевизија на пример
- За било кој тендер бара најпрвин советничка фирма – да не советува,
- Еве дури и за Слободните еконосмки зони – се бара странска фирма, компанија, личност која ке ни ги удомува веќе оформените Слободни еконосмски зони.
Ако не ја биваше ни една МК Влада до сега – редно е народот Македонски да побара „Влада под закуп“ … за извесно време, додека да ни тргне. И така нашиве Влади немаат преголема самостојност.
- Или се должни да работат како им велат странските кредитори,
- или го слушаат моќниот странски фактор – представен преку ЕУ амбасадорот и неколку те други поважни амбасади,
- тука е вечниот амерички фактор, кој во Скопје го има најголемиот балкански центар за шпионажа во просториите на новоизградената амбасада на Кале,
- итака сите одат на амин кај овие фактори, сетете се на било кое предизборие или во било која криза низ која поминуваме – сите поважни кандидати се запукуваат на средба кај странциве …
Што да бараме од „Владата под закуп“:
- Да ни го сочува името и идентитоетот пред се,
- да ја намали стапката на невработеност на подносливо ниво,
- оние кои работат за платата да можат да го преживеат месецот – а не како досега да „се снаоѓаат“ (читај да бараат додатни извори во разните облици на корупција и мито …).
- пензионерите да имаат сигурност дека ке ги добијат пензиите,
- да има бесплатно школство и здравство за сите – барем како што имавме некогаш …
- да се решат проблемите во социјалата
- да се намали процентот на сиромаштијата
- и да не претеруваме со желбите – за да можеме да најдеме некој кој ке се нафати на нашиот оглас за „Влада под закуп“ …
- Редефинирање на улогата на државата – Државна транзициона управа
- Држава на одредено време
- Државен социјализам или транзициска беда
- Транзиција …
- Личен стечај … Држава по мерка на богатите и моќните … транзицијата продолжува
- Транзиција во криза – подлабока и продолжена рецесија
- Економска транзициона лустрација … економски транзициони профитери …
- Ке се најде ли јунак да ја исправи МК транзиција …
- Лет во место на политичките и економските процеси во МК … Градиме – разградувајки, стооејки во место, враќајки се наназад …
- Економска транзициона лустрација … економски транзициони профитери …
- Буџетот е за да се троши … шминкерска изјава на Груевски … ке се случи ли економско чудо …
- Музеј на жртвите од транзицијата …
- Годинава дефинитивно погребување на малото стопанство … Граѓанинот, малите фирми со опростување станаа ем еб*ни им должни …
- Колкав е бројот на вработени и невработени лица во РМ и каква е нивната структура …
- Наместо буџетот да се користи за развој – парите се трошат за споменици и плоштади, за полиција и администрација …
- Заврши ли “едноумието“ … што систем имаме сега ?? … систем на перфидна манипулација на демократските процеси …
No comments:
Post a Comment